Мицкоски: Почнува изработката на Национална ИКТ стратегија, како клучен документ за дигитална трансформација

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означија почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – Националната ИКТ стратегија. Според Мицкоски Националната ИКТ стратегија е клучниот документ кој ќе ги води сите напори и активности во однос на дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата на ова поле. …

Continue Reading

Филков: Се потпираме на електронските верзии, пред да замине од функцијата Лога си ги земал документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ

Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го земал документот со препораки на Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија, рече актуелниот министер за правда Игор Филков, додавајќи дека во тек е постапка за случајот и оти ќе се бара одговорност. Вели дека и покрај тоа што документот е …

Continue Reading

Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист. Министерот Муцунски изрази задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на …

Continue Reading

(Видео) СДСМ против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини, рече Трајчулески

„СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, наместо институции за сите граѓани“, рече пратеник Митко Трајчулески …

Continue Reading

Директорот на Царинска управа: Се отвораме кон сите земји во регионот, целта е унапредување на економската соработка и сузбивање на нелегалната трговија

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република …

Continue Reading

СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги, патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во ќорсокак, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Зоран Заев тврдеше дека носи историски докази од Брисел или старт на преговори, единствен факт од патувањето во Брисел беше селфито во авионот. Или го излажа народот. Тоа беше ситуација со која се покажа неспособноста на коалицијата СДС и ДУИ. СДС и ДУИ …

Continue Reading

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката. -Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање …

Continue Reading

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Продуктивен состанок, ефикасна и надежна дискусија е впечатокот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и на претставниците од Стопанска комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) која се одржа во Берлин. На состанокот се промовираа инвестициските можности и капацитети во државата, а странски компании изразиле интерес за нови инвестиции во државата. „Можам да кажам дека имавме …

Continue Reading

Виновни се ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, велат од СДСМ за европскиот извештај за јавниот превоз во Скопје

Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа, велат од СДСМ по извештајот што претходно беше објавен, а според којшто граѓаните на главниот град се меѓу најнезадоволните на европскиот континент од состојбата со автобусите. Според опозициската СДСМ, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска …

Continue Reading