Македонски Концепт е против законот за правична застапеност: „ Успехот да биде единствен критериум“

Mакедонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност. Од партијата велат дека се залагаат за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. „Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! …

Continue Reading

Министерство за транспорт: Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, од бугарската страна нема извесносот дека се преземаат активности

„Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, остануваме целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на …

Continue Reading

Министерот Мисајловски на состанокот на министри за одбрана на НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре ќе учествува на серија состаноци на министрите за одбрана во рамките на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. Во текот на овие два дена предвидено е да се дискутира за глобалната безбедносна состојба, за статусот на мисиите и операциите на НАТО, а ќе се реализира и работна вечера …

Continue Reading

Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Бугарија, Жељаско Радуков

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков. Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји. Двајцата соговорници изразија волја за отворен …

Continue Reading

Лога за Филков: Тој е затворен во кабинетот од својата шефица која не му дозволува да комуницира

За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а министерството го раководи Радица Лазареска Геровска, со која целото министерство нема добра комуникација, вели екс-министерот за правда, Кренар Лога како реакција на сегашниот министер за правда кој истакна дека пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ. „Во време кога …

Continue Reading

Николоски од Велес: Инвестираме во подобрување на инфраструктрурата во сите општини

Инвестираме значајни средства директно во општините за развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа година ќе се инвестираат 100 милиони евра преку програмата на Владата, следната уште 250 милиони евра за бројни проекти во инфаструктурата. Поднесените проекти преку Министерството за транспорт веќе се одобрени и очекувам многу скоро почеток на нивна реализација, истакна заменик претседателот на …

Continue Reading

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа! Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и …

Continue Reading

Јакимовски: Има средства да се финансира Академија на науки и уметности на Албанците, а нема да се обезбеди парно за учениците во Карпош

Не може да се штеди на грбот на граѓаните и децата на територија на општина Карпош. Вчера градоначалниците Албанци од локалната самоуправа рекоа дека сами ќе ја финансираат академијата на науки и ументостви на Албанците. Тие имаат средства да си ја финансираат академијата, а ние македонските градоначалници немаме средства да го платиме ни парното за учениците во основните училишта, посочи …

Continue Reading

ДУИ: Се вршат големи политички притисоци со закани за откази кон вработените во некои државни органи

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција презентираа тематско резиме на пост-изборните случувања во однос на политичкиот систем и односите меѓу заедниците, но и генерално политичките прашања во земјата. „Денеска сме сведоци на блокирањето на евроинтеграцискиот пат, без јасна перспектива кога ќе се деблокира. Сведоци сме на најслабата застапеност и со најниски капацитети на Албанците во институциите, сето тоа без …

Continue Reading