ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС пораки што наводно ги примил од високи функционери од редовите на Демократската унија за интеграција. Сите ние во ДУИ бараме Мицкоски да ги објави тие СМС-пораки денеска, веднаш, без одлагање“, велат од ДУИ. „Премиерот на Владата без етнички легитимитет, во …

Continue Reading

Муцунски од Монтреал: Неопходно е да се изградат механизми за безбедно враќање на украинските цивили и депортираните деца

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, што се одржа во Монтреал, Канада. Во фокусот на конференцијата беше третманот кон политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца. Покрај обраќањето на воведната сесија, министерот за надворешни …

Continue Reading

Амбасадорот Рокас на претседателката Адеми ѝ го предаде Извештајот на ЕУ: Активностите на Врховниот суд се позитивно оценети

Амбасадорот на Европската Унија, Микалис Рокас, во Врховниот суд на Република Северна Македонија на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ѝ го предаде новиот Извештај на Европската Комисија. Во Извештајот се нотираат активностите на Врховниот суд за унапредувањето на судската практика и конзистентноста на судските одлуки, објавувањето на новата Збирка на судски одлуки, утврдувањето на начелните ставови и за одлуките …

Continue Reading

Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект, вели СДСМ

„Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“, соопшти СДСМ. „Нема никаква измена во планот …

Continue Reading

Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5 години стаж на раководна позиција, велат од СДСМ

„Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува. Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ“, соопшти СДСМ. „Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може …

Continue Reading

ЈО да испита дали Шанси инвест послужила како параван за парите од МЕПСО да завршат кај функционери на СДС и ДУИ, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Длабоките релации и разработените шеми за извлекување на милионски суми од МЕПСО се многу очигледни. Директор во МЕПСО од редовите на СДС и ДУИ доделил тендер во вредност од 10 милиони евра на фирма која е директно поврзани со него. Имено, тендерот од МЕПСО за набавка на уред за корекција на напонски профил на албанската компанија „Шанси Инвест“ заедно со …

Continue Reading

Демантирана уште една лага, Николоски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, соопшти Демократската унија за интеграција

„Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николоски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николоски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, како што тој обвинуваше со недели“, велат од ДУИ. „Во Собранието, Николоски откри имиња на 4 фирми кои за …

Continue Reading

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување. Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да …

Continue Reading

Халкидики патриот, татино синче и асистентче – Мицкоски и Апасиев со меѓусебни навреди во Собранието

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев влегоа во вербален судир во Собранието, за време на пратеничките прашања. Мицкоски му се обрати на првиот човек на Левица со зборовите: Потпишуваш амандмани со Северна Македонија од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи и купуваш деловен простор во главниот град. „Сериозно е дека фактот …

Continue Reading