Вреди: ДУИ се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и ќе направат тензии


vredi-vlen.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коалицијата Вреди денеска преку соопштение наведува дека ДУИ се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и дека на денот на гласањето ќе се обидат да направат тензии.


– Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на Албанскиот јазик пред Уставниот Суд е кукавичкото јајце на ДУИ, со кое сака политички да профитира предизвикувајќи штета на Вреди. Ахмети повеќе нема избор. Нивните анкети им ја потврдуваат суровата вистина – Албанците повеќе не сакаат да ги гласаат! Авторитетот на Али Ахмети е разнишан, бидејќи од командант на УЧК се претвори во заложник на Артан Груби. Сите знаат дека ДУИ сега е корумпирана партија, каде што неколку луѓе станаа милионери, нивните синови и ќерки се вработија со огромни плати, додека народот едвај врзува крај со крај!, се вели во соопштението.

Таканаречениот „Европски фронт“ на чело со ДУИ го покажа вистинското лице во собранискиот кабинет број 161, велат од Вреди, додавајќи дека за да влезат во Владата ѝ понудиле на ВМРО-ДПМНЕ четири министерства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK