Панова: Зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати

Во текот на денешната општа расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, при што посебен акцент и осврт даде на судството и обвинителството кои до сега немале повисоки буџети. Таа истакнува дека буџетот на судската власт е за речиси 8% поголем од буџетот предвиден за 2024 година, додека …

Continue Reading

Јамалов: Во 2025 година очекуваме раст на економијата од 3,7% преку реализација на капитални инвестиции во износ од 50,5 милијарди денари

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој потенцираше дека во 2025 година се очекува економијата на Република Македонија да забележи раст од 3,7% и тоа би претставувало значително подобрување во споредба со изминатите години. Јамалов додаде дека предвидениот раст од …

Continue Reading

Бочварски: Во Буџетот 2025 нема 250 милиони евра за општините

Во буџетот кој го предлага владата, нема 250 милиони евра за општините, нешто што ДМНЕ го ветуваше пред изборите и ова е уште една манипулација на власта, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на Комисијата за финансирање на буџет. – Пред неколку месеци, ДПМНЕ велеше дека до крај на годината ќе бидат дадени на општините 100 милиони евра, за капитални …

Continue Reading

Лефков: Во буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Владата со Буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Имено со предлог Буџетот за 2025 година кој е предложен од владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. – Здравството и …

Continue Reading

Македонија е силно посветена на изградба на модерна инфраструктура што ќе ја поврзе со регионот, рече Николоски во Косово

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија билатерална средба со Либурн Алиу, министерот за транспорт на Косово. Средбата се одржа во рамки на заедничката седница меѓу владите на Македонија и Косово. Во фокусот на средбата беше квалитетно поврзување меѓу двете земји со посебен акцент на патното …

Continue Reading

Продлжуваат превирања во ЛДП – членови ја споредија Зајкова со Амди Бајрам по изјавата дека партијата се стреми да биде власт

Не стивнуваат поделбите во Либерално демократската партија (ЛДП). Иницијативниот партиски одбор кој бара смена на претседателката Моника Зајкова реагира на нејзината изјава дека ЛДП се стреми да биде власт, а не кокета. Од Иницијативниот одбор на ЛДП, нејзините изјави ги оценија како небулозни, коментирајќи дека непринципиелната политика на раководството на ЛДП и Моника Зајкова оди до таму што наместо почитување …

Continue Reading

Станковиќ: Земјоделството ќе добие историска поддршка со новиот буџет

Новиот државен буџет за 2025 година ќе ни донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Со гордост можам да кажам дека земјоделството ќе добие историска поддршка. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за цели 13 отсто, а издвоените средства за …

Continue Reading

СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ

Партизацијата којашто Панче Тошковски и ДПМНЕ ја спроведувата во МВР значи шиканирање и отпуштање професионалци на сметка на партиски војници кои работата за партијата а не за државата, велат од СДСМ утрово преку соопштение. „Еве ја партизацијата на безбедносните служби на дело. На фотографии од партиски состанок на ДПМНЕ објавени од Јован Јаулевски на Фејсбук јасно се гледа дека учествуваат …

Continue Reading

Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци, велат од ДУИ

„Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) е длабоко загрижена за развојот на настаните што ги поткопуваат принципите на еднаквост, соживот и интеграција во Република Северна Македонија. Денес, за жал, се соочуваме со систематски обиди да се врати назад деценискиот напредок, да се преврти историјата наспроти вредностите на правдата и инклузивноста кои ја изградија оваа држава“, соопшти ДУИ. „Од нула учество во …

Continue Reading