Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул. „Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија

Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија, нелогично е што СДС и ДУИ сега како што велат, се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв …

Continue Reading

Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка, порачуваат од СДСМ

Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога, велат од СДСМ. „Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него. Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат …

Continue Reading

Меџити: Агилните инспекциски контроли се приоритет за заштита на животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа работна средба со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски. На состанокот беше разгледан контролниот план за засилени инспекциски надзори, со цел ефикасна примена на законите за заштита на животната средина. Меџити нагласи …

Continue Reading

Муцунски на петгодишнината од членството во НАТО: Македонија останува посветена на заедничката работа со сојузниците и партнерите во справување со предизвиците

Денес во Скопје се одржа работен состанок по повод одбележувањето на петгодишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО. На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на состанокот присуствуваа заменичката министерка за одбрана, Елфет Исмаили, амбасадори и шефови на дипломатски мисии на земјите членки на НАТО, партнерите од Индо-Пацификот, како и претставници од Украина …

Continue Reading

Mора да има политичка одговорност за трагедијата во Кочани, СДСМ ќе ги искористи сите механизми во Собранието, порачаа од партијата

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ, разговаравме за актуелните состојби во земјата, по оваа тешка трагедија којашто ни се сличи и ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 млади животи, информира Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. Заклучок на Централниот одбор на СДСМ како што рече, бил, дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно, …

Continue Reading

(Видео) Зошто СДСМ молчи за случајот со Јон Фрчковски, прашува Петрушевски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, прашува зошто СДСМ молчи за случајот Јон Фрчкоски кој беше снимен како се дрогира. „Случајот со Јон Фрчкоски не е единствен во СДС. Јавноста сведочеше и на други вакви случаи кога станува збор за СДС. Поранешниот пратеник на СДС, Павле Богоевски исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца. Богоевски …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Кога истрагата е селективна а обвинителот станува подобен за Мицкоски, правда не може да се очекува

Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 луѓе, повикува на неселективна и темелна истрага за лоцирање на одговорност. За жал, од досегашниот тек на истрагата гледаме дека се води селективно и не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Како тоа тие што се …

Continue Reading

(Видео) Костова: Папаја за Владата, трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата

Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката на Владата за некакво бедно покачување на минималната плата од само 1.800 денари. Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите, прашува Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. Владата на ДПМНЕ, вели таа, очигледно нема допир со реалноста и …

Continue Reading