Муртезани: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија. Рокас ја нагласи силната поддршка од Европската Унија преку конкретни финансиски и стратешки мерки кои ќе …
Continue Reading
Левица: „Власта го крие труењето на народот – олово, арсен и цијанид во Kрива река“
„Излевањето на токсичен рударски отпад во Крива Река од рудникот „Тораница” е директен резултат на криминалната спрега меѓу власта и бизнис-елитите! Независните анализи потврдија алармантни концентрации на тешки метали: олово, арсен и цијанид кои претставуваат сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина, но институциите прават сè за да го прикријат злосторството!“, велат од партијата Левица. „Министерот за животна …
Continue Reading
„Премиерот јавно демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител“, велат од ДУИ
„Во Република Северна Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството. Тој ја диктира динамиката на процесите, јавно ги определува осомничените и виновните уште во првата фаза, дури и пред обвинителството да започне истрага. Тој на јавна сцена демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител, не штедејќи притоа …
Continue Reading
Муцунски на средба амбасадорите на Канада и Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на одвоени средби ги прими вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. На средбата со амбасадорката Камерон беше истакната одличната соработка меѓу двете земји на мултилатерален план, особено во рамките на НАТО. Се …
Continue Reading
„СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„СДС елитистичка да не молчи и да ги става работите под тепих, пред очите на јавноста излезе целата хипокризија на борците за правда и еднаквост од СДС. СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога. СДС и на власт и во опозиција има скандали поврзани со употреба на наркотични средства“, велат …
Continue Reading
Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека се во постојана комуникација со останатите партии од коалицијата ВЛЕН за тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори. Тој рече дека оние како Алијанса за Албанци инсистираат да се изготват посебни листи за советници, а додаде дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик. „Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се …
Continue Reading
Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата за Кочани: „Пратениците да земат по половина плата оти решија да не работат две недели“
Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, пратениците на Левица соопштија дека ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата. „Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност …
Continue Reading
Мисајловски – Хејбет: Благодарност за медицинската поддршка од Турција во згрижувањето на повредените во Кочани
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска во Министерството се сретна со заменик-министерот за одбрана на Турција, Муса Хејбет кому му се заблагодари за медицинската помош од страна на пријателска Турција во згрижувањето на дел од повредените во трагедијата во Кочани. „Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ …
Continue Reading
Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија
Развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, истакнува премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нашата држава, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај. „Затоа нашата Влада активно работи на: Воведување нови авиолинии – Преку партнерства со реномирани авиокомпании како …
Continue Reading