ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев

По дебаклот што се случи на изборите денес во СДС, на кои што имаше само еден кандидат, а тоа беше поттрчкото на Заев, Венко Филипче, тој освои 18 илјади гласови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За трагедијата да биде уште поголема, регистрирани беа 23.712, а само 18 илјади членови го подржаа Филипче. Тоа само зборува дека Филипче нема кредибилитет во СДС. Само …

Continue Reading

(Видео) Со 18.001 гласови, Филипче избран за претседател на СДСМ

СДСМ денеска на вонредни директни внатрепартиски избори во СДСМ го избра старо-новиот претседател на партијата Венко Филипче. Тој беше единствен кандидат за функцијата која врши од јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски. „Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласаа 18.140. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња 139, рече Бранко Георгиевски, Претседател на Централната изборна комисија. …

Continue Reading

Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори, рече Таравари

Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки, кажа Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на Алијанса за Aлбанците во Гостивар. На прашање околу коалицирањето со останатите партии на Aлбанците во Македонија, Таравари рече дека се коалициски партнери. „Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако …

Continue Reading

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам од формирање семејство

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот во организација на УМС по повод 34 години од формирањето на унијата, упати пораки на обединување како на младите така и на сите граѓани од сите етнички заедници, затоа што тогаш сите сме посилни. Мицкоски ова го истакна откако претходно посочи дека доаѓа од настан во Тетово, каде беше пуштен во …

Continue Reading

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, но и повторно отворање на истрагите за претходните трагедии – Дурмо Турс, Беса Транс и модуларната болница во Тетово. Во резолуцијата се бара: 1. Спроведување на целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, под …

Continue Reading

Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, рече Мицкоски

Владата работи на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион. Тој рече дека ги слуша реакциите од страна на матичните лекари и во моментот се работи на пријатно изненадување за нив. „Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест за …

Continue Reading

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања.   „Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од …

Continue Reading

Владата е обединета, рече Мицкоски кој не сакаше да ги коментира превирањата меѓу Таравари и партнерите од „Вреди“

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ги коментира информациите дека Арбен Таравари ја напушта коалицијата „Вреди“. Прашан од новинарите и дали доколку се случи тоа од „Вреди“ ќе побара од премиерот да го тргне од Владата, Мицкоски рече дека би се воздржал од било какви коментари. Тој во продолжение на одговорот рече дека Владата функционира обединето и единствено, и 78 пратеници ја …

Continue Reading

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто што САД ја воведе за увоз на македонските производи. „На дневна основа работат тимови, и телефонски се слушаме. Очекувам многу скоро денеска убави вести за македонските граѓани и македонската економија“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тој рече дека Владата …

Continue Reading