Таравари не преговарал со ДУИ, а од „Влен“ не добил понуда да бидат една партија: „Ако решиле да се здружат ќе им го дадеме името“
Досега сме немале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија, ако имаме ќе ја разгледаме, не брзаме, но ако одлучиле заедно да бидат, името им го даваме, нека го задржат „Влен“, ние ќе останеме „Алијанса за Албанците“, ќе продолжиме со нашата пратеничка група. Ова го истакна Арбен Таравари, одговарајќи на новинарски прашања. Тој рече дека остануваат отворени за соработка …
Continue Reading
(Видео) Односите со „Вреди“ се коалициски, одлични, рече Мицкоски кој не планира владина реконструкција
Премиерот Христијан Мицкоски не планира реконструкција на Владата пред локалните избори. Прашан од новинарите за оваа можност, а за која деновиве се зборува поради несогласувањата во коалицијата „Вреди“, Мицкоски кусо одговори „Не“. Дополнително беше прашан и какви се односите со „Вреди“, на што одговори: „Коалициски, одлични“. Претходно денес и вицепремиерот, Изет Меџити, беше прашан дали се планира реконструкција на Владата …
Continue Reading
Очигледно направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува брзо да се коригира
Премиерот Христијан Мицкоски очекува за брзо да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија за 33 отсто. Тој вчера најави добри вести од САД за македонските граѓани, но вестите, како што кажа и самиот, се’ уште не стигнале, а процесот е сензитивен. Кога сѐ ќе се заврши, рече премиерот, тогаш ќе излезат во јавноста со детални …
Continue Reading
Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ
Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на коалицијата „Влен“, оценката на Меџити е дека тие се добри, а и двајцата комуницираат. Сепак, тројца од четворицата лидери на политичките партии кои ја сочинуваат „Влен“ се согласни дека треба да настапат заедно на локалните избори, но Таравари размислува поинаку. „Разговараме …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра
Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори. „Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните …
Continue Reading
ВЛЕН: Од ISO стандарди, ДУИ има само „и што има за нас“ – рекет стандард
„Наместо да се извинат за 20 години кражба, корупција и лаги, ДУИ се обидува да ги измие гревовите со еден бел лист хартија што го нарекува ‘меѓународен стандард’. Но, кој ќе го спроведува тој стандард во ДУИ“, прашуваат од ВЛЕН. „Рамиз Мерко, со над 20 кривични пријави и со владеење што ја претвори Струга во приватна сопственост. Артан Груби и …
Continue Reading
„Дволичниот Апасиев беше против извршителите, но кога станува збор за негова корист, не му пречат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Апасиев кој е против извршителите, повторно докажува во јавноста дека е дволичен и дека нема став за ниту една работа во државата. Апасиев падна толку ниско, што си го скрши дадениот професорски збор само за да добие нешто во негова корист од извршителите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Апасиев и Левица, заедно со извршителот кој работи и со Дрин Ахмети, внукот на …
Continue Reading
Партијата Левица: На Локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим
Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. Сесијата започна со едноминутен молк за жртвите во трагедијата во Кочани. „Во духот на демократскиот централизам и борбеноста, оваа сесија ја зацврсти позицијата на Левица како единствена автентична и непоколеблива опозициска сила во државата“, велат од партијата. …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата
СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, откако беше реизбран за лидер на партијата. „Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе не претстават на локалните избори, луѓето кои имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите соседи, пред пријателите и …
Continue Reading