Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема, велат од СДСМ

Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. Граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти? Министерството мора да објасни зошто не ја презеде својата одговорност и дали воопшто имало план за управување со ваквите …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден 

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда. Законот мора да се …

Continue Reading

„Вчерашниот чин на кинење и скрнавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борци

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и скрнавење на македонското знаме е крајно вандалски чин и ние како Главен одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 сме згрозени од овој чин и целосно го осудуваме“, велат од Сојузот на борци. „Ваквиот однос кон државните симболи само доведува до нестабилност на соживотот …

Continue Reading

„Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници, вели Максим Димитриевски, …

Continue Reading

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. „Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците“, велат од СДСМ. …

Continue Reading

(Видео) „Со газење и палење на македонското знаме се славеше Денот на албанското знаме“ – Левица бара одговорност

„Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење и палење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта“, велат од …

Continue Reading

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари средба со британскиот комесар за трговија за Европа, г. Крис Бартон, како и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, г. Метју Лосон. На средбата се разговараше за можностите за зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор, со акцент на исполнување на заедничките цели за енергетска стабилност, независност и зелена енергетска …

Continue Reading

Мицкоски: Претходната влада свесно предизвикала милионска штета на државата преку еднострано укинување на концесија во Југоисточна Македонија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за изградбата на коридорите 8 и 10Д, истакна дека Владата одлучила робусно да пристапи кон реализација на изградбата на овие коридори со цел граѓаните да можат да ги користат, а притоа државата да се заштити и да не плаќа милионски суми за пенали како што се однесувала претходната влада која на …

Continue Reading

Мицкоски: Ќе се купат 100 до 120 електрични автобуси, а ратите ќе се отплаќаат од 2028 година

Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година. „Нема да ги видите парите во овој буџет за новите автобуси затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат февруари-март 2028 година, во тој …

Continue Reading