Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт преку кој сакаат да дојдат на власт
Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ и СДС би дошле на власт. Дали наместо протести кои ги најавуваше ДУИ добивме црно сценарио за провокации и етнички немири?, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Токму …
Continue Reading
За вчерашните инциденти уапсени се четири лица, изјави Тошковски
Во текот на вечерта се уапсени осум лица, извести министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Четири од нив се уапсени заради тоа што учествувале во тепачка, а другите четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнение дека сториле кривично дело 319 од Кривичниот законик коешто се однесува на предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и …
Continue Reading
ВЛЕН: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња
„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига …
Continue Reading
Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ
„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности“, велат од Алијанса за Албанците. „Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ. Празничната и позитивна атмосфера во секој …
Continue Reading
ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор. Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот …
Continue Reading
Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство. За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи. Министерот …
Continue Reading
ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите
Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин на сквернавење на македонското знаме, симболот на нашиот државен суверенитет. Таквите дејства не само што се навреда кон државата, туку и директно ги поткопуваат основните вредности на соживотот, почитта и граѓанската одговорност. Македонското знаме е симбол на единството и гордоста на сите граѓани, без разлика на нивните политички, етнички или верски убедувања, велат …
Continue Reading
Македонски концепт: Бараме силна реакција на државата, и за тие кои палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани
„Бараме итна и силна реакција на државата, и за тие кои ги видовме на екраните како палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани, и за тие во МВР и АНБ, кои потфрлија со превенција за заштита на јавниот ред и поредок во земјава“, велат од Македонски концепт. „Ова не смее да остане без …
Continue Reading
Јаневска: Во соработка со младите ги унапредуваме ученичкиот и студентскиот стандард
Со големо задоволство можам да кажам дека сум во постојана комуникација со студентите, а особено со Националното студентско тело и често дискутираме за предизвиците кои ги засегаат и нудиме решенија за нивно надминување. Досега прифативме повеќе нивни барања, а последното се однесува на конкурсот за доделување стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, според кое доколку не …
Continue Reading