Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница
Вечерва во Тетово се одржува средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, како и раководните тимови на двете партии. Во центарот на средбата, како што соопшти ДУИ, е координацијата на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. „Двајцата претседатели разговараат за организирањето …
Continue Reading
„На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името, јазикот и Уставот на државата. Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него и одма би потпишал нов бланко лист“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче. „Селективната принципиелност на Филипче е смешна, …
Continue Reading
Зајкова од Софија: Ако навистина ја сакате Македонија во ЕУ, покажете го тоа со дела – испорачајте мерлива поддршка
„Љубовта се покажува со дела. Ако навистина сакате да ја видите Македонија во Европската Унија, се надевам дека тоа ќе го покажеме така што заедно ќе чекориме напред – со поддршка“, порача претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова во Софија, непосредно пред своето обраќање, реагирајќи на излагањето на европратеникот Андреј Ковачев кој рече дека Бугарија гледа на Македонија со …
Continue Reading
Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека намалувањето на воената помош од САД е сериозна порака за нарушената доверба во власта и нејзините политики, посочувајќи дека стратешкото партнерство со САД се градеше со децении. „Нашиот стратешки партнер очигледно е дека знае каква власт се тие и упати јасна порака, за жал, пред некој ден со тоа што за прв пат …
Continue Reading
(Видео) Левица: Владата должи целосна отчетност за 5,5 милионите евра потрошени за прославата на независноста – грандиозноста на прославата беше во коруптивните зделки
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, побара целосна транспарентност за начинот на кој се потрошени 5,5 милиони евра за одбележувањето на 35-годишнината од независноста, откако Владата соопшти дека прославата чинела околу 340 милиони денари. Од Владата беше соопштено дека најголемиот дел од средствата, 300 милиони денари, биле обезбедени преку нераспределената добивка на Државна лотарија од 2024 година, додека остатокот бил обезбеден …
Continue Reading
Филипче: Дата-центрите ќе ја трошат водата и струјата, а нема да создадат работни места
Дата-центрите што испод радарот ги договара власта заради нивни лични бизнис интереси, ќе трошат огромни количества вода и електрична енергија, а притоа нема да создадат речиси никакви работни места, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Ние не сме против технолошкиот напредок на државата, туку сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт и на премиерот Христијан Мицкоски да се остваруваат …
Continue Reading
На 19 септември Отчет на ЗНАМ: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“
На 19 септември, во Кино „Фросина“ во МКЦ Скопје, со почеток во 13,00 часот, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го одржи големиот Отчет на избраните и именувани функционери на Движењето ЗНАМ. „Нo, ова нема да биде само промоција на една публикација. Ова ќе биде почеток на голем граѓански отчет за сработеното во изминатите две години – во Собранието, во …
Continue Reading
(Видео) „Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата, Македонија не е на продажба“, порача Филипче
Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани …
Continue Reading
„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ
„Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани водата за пиење во селата Рич, Попчево, Белотино, Вељуса во Струмичко. Нема резидуален хлор, има бактерии – индикатори за фекално загадување. Водата не е за пиење, не е за готвење. Ова веќе не е инцидент. Ова е реалната слика во државата“, велат од СДСМ. „Повеќе од 50 места во државата се без безбедна …
Continue Reading