Веста дека Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово е одраз на културата на неодговорност и ароганција на ДУИ, велат од ВЛЕН

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност?“, прашува ВЛЕН. …

Continue Reading

ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме

Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари, велат од ДУИ. Ова, според ДУИ, е отворен обид за укинување на албанскиот …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова за ветото: Јас не сум Уставен суд и нема да оценувам, упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите од Законот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се водела од партиски совети. Таа рече дека за спорните членови 9 и 10 од Законот за заштита на децата ги информирала Владата и надлежните министри пред да го достави указот до Собранието и се водела од Уставот, Законот за македонски …

Continue Reading

(Видео) Филипче за Божиќ: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на …

Continue Reading

За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години, вели Мицкоски

Гасните централи би можеле да го решат загадувањето, но тоа е процес што би траел со години. Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето рече дека единствениот начин за намалување на загаденоста е во периодот од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затолување. „За да се …

Continue Reading

Дранго ќе биде разрешен ако се потврдат тврдењата за убиството на мечката, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ ако се докаже дека ја убил мечката со која што беше фотографиран. Мицкоски рече дека ќе побара одговорност доколку се потврдат ваквите тврдења. „Ќе биде разрешен, ако се потврдат овие тврдења. Тоа се девијантни однесувања кои ако се потврдат, немам намера да ги амнестирам“, рече Мицкоски. Случајот со мечката го …

Continue Reading

Мицкоски ги повика бегалците од правдата да се вратат дома

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите бегалци од правдата да се вратат и да се соочат со доказите пред органите. Прашан од новинарите дали соработуваат со албанските власти, по информациите дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, се наоѓа во Албанија, Мицкоски рече дека не би сакал да шпекулира и да открива детали. „Не би сакал да шпекулирам. Ги повикувам сите кои …

Continue Reading

Гаши со честитка до граѓаните за Божиќ

Во името на Собранието, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, упати честитка по повод големиот христијански празник, Божиќ. „Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг. Посакувам овој празник да донесе мир, хармонија и радост во вашите срца и вашите семејства. Нека оваа година биде година …

Continue Reading

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските. „Почитувана Ваша Светост, архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Почитувани членови на Светиот архиерејски синод, Почитувано свештенство и монаштво, Драги сограѓани, Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки …

Continue Reading