Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Започнуваме нова историја за развој

Вицепремиерот Александар Николоски денеска во Лондон во име на Владата го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Со Договорот на Македонија и се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти. „Навистина сме почестени што, не само што сме во Лондон и во Министерството за трговија и бизнис, …

Continue Reading

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако премиерот Христијан Мицкоски ја повика да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Мицкоски, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС заборава дека претседател на политичка партија беше гувернер

СДС обвинува дека предлогот на претседателката Силјановска Давкова за гувернер на НБРМ бил „теснопартиски“. Забораваат дека претседател на политичка партија, претходничка на нивната СДСМ, во 2004 беше назначен за гувернер на НБРМ непосредно по вршењето на функцијата министер за финансии во влада предводена од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Господинот Петар Гошев, кој, исто така, претходно бил пратеник во Собранието на …

Continue Reading

Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани

Ние нашиот став го соопштивме. И не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно сака да не внесе. Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, до ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош, изјави Бојан Стојаноски, …

Continue Reading

ЗНАМ предлага закон со кој прагот за регистрираните земјоделци како даночни обврзници ќе се зголеми

На денешната прес конференција, Миле Цеков пратеник во Собранието информира дека пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во собраниска процедура поднела Предлог на Закон за измена на Законот за додадена вредност. „Со предложениот закон бараме, рече Цеков,на измена на членот 51, односно прагот за задолжителна регистрација за ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од два …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот на Славески да биде назначен за гувернер е исклучиво теснопартиски. „Ние нема да го поддржиме предлогот за гувернер, затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата Гувернер на Народна банка што било …

Continue Reading

(Видео) СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

СДСМ повторно го поднесе предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани, и повика на поддршка од сите пратеници. Координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, рече дека законскиот предлог, овојпат, е поднесен по редовна постапка, а целта е да се испрати јасна порака дека ова не е политички закон туку човечки. „Овој закон не смее …

Continue Reading

(Видео) Мансиевски: Филипче да одговори за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за модуларната болница

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателолт на СДСМ, Венко Филипче, да и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница „Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги …

Continue Reading

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Премиерот, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период. „Да, апсолутно. Исклучително …

Continue Reading