Владата ги усвои договорите за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот

На денешната 46 владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, да ја зајакнеме економијата и да ја подобриме транспарентноста, информира владината портпаролка Марија Митева. Таа соопшти дека се усвоени двата договори за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што, како што најави, средствата ќе станат …

Continue Reading

Филипче: Мицкоски го призна својот неуспех, најавениот бојкот на маркетите е пораз на погрешните политики

Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба, вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Најавениот бојкот е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. За жал, …

Continue Reading

Германските компании се заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со претставници на германската стопанска комора (AHK Северна Македонија). На средбата на која присуствуваше директорката на АХК, Антје Ванделт и заменик германскиот Амбасадор, Јан-Аксел Фос, се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција. Министерката Божиновска ја истакна важноста на партнерството со Германија во процесот на …

Continue Reading

Мицкоски го поддржа бојкотот на маркетите: Од почеток зборувам за поединци во овој бизнис кои шпекулативно сакаат да профитираат

Најавите за бојкот на маркетите кај нас в петок, по примерот на бојкотот на маркетите во Хрватска и Црна Гора, добија поддршка од премиерот Христијан Мицкоски. Тој попладнево одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на уловите за користење на парите од унгарскиот кредит, рече дека токму однесувањето на некои поединци од тој бизнис е во неговиот фокус откако е на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, институциите да ги истражат сите злоупотреби

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите. „Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. …

Continue Reading

Муртезани во Црна Гора: „Планот за раст на ЕК ја одразува стратешката определба на Владата за сеопфатни реформи“

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Црна Гора учествува на Конференцијата на високо ниво за регионална економска интеграција насловена „Зајакнување. Интегрирање. Раст“, заедно со своите колеги од регионот и претставници на Европската Унија. Во рамки на првата сесија „Претпристапни придобивки: од СЕПА до зелени патеки и пошироко“, министрите за европски работи и главните преговарачи со ЕУ од земјите …

Continue Reading

(Видео) Николова: Несоодветната Концепција за гимназиско образование е закана за иднината на младите

Несоодветната Концепција на власта за гимназиско образование е закана за иднината на младите, вели пратеничката од СДСМ, Даниела Николова. Според неа, предложената Концепција за гимназиско образование од страна на министерката Весна Јаневска е на директна штета на учениците и наставниот кадар. „Од предложената Концепција, се забележува дека реформите се предложени без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието. Апелираме да …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити

Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи, вели  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за …

Continue Reading

СДСМ повика на оставки: Со донации за лекови не се менаџира кризата на Онкологија

Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија, велат утрово од СДСМ. Опозициската партија критикува дека власта наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови, ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да …

Continue Reading