Мицкоски: Судскиот совет мора да се менува под притисок од јавноста

Премиерот Христијан Мицкоски очекува членовите на Судскиот совет да си поднесат оставки под притисок од јавноста. Според него, јавната реакција е клучна за промени во актуелниот состав на советот. На прашањето како ќе се избираат нови членови на Судскиот совет, Мицкоски истакна дека тоа ќе се одвива согласно законските одредби што ќе бидат на сила во моментот. Сепак, нагласи дека …

Continue Reading

Каранфилова Пановска: Кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, жените секогаш биле во ризик

Жените се столбот и силата на СДСМ, ама жените се силата и столбот на општеството, социјалдемократската идеја е единствената којашто нуди пристојни услови за развој и напредок на жените, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ била власт жените биле во ризик, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, на денешната трибина по повод 25 годинишнината од формирањето на Форумот на жени на …

Continue Reading

Можни се мерки за контрола на цените, најави премиерот Мицкоски

На наредната владина седница во вторник, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе поднесе извештај во врска со последиците од бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи, а можно е Владата да преземе мерки за контрола на цените, најави премиерот Христијан Мицкоски. „Очекувам детално реферирање на седницата, по што ДПИ, заедно со Министерството за економија и труд, ќе излезат со …

Continue Reading

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во првата половина на октомври оваа година. Во изјавата дадена по повод реконструкцијата на сквер во Општина Аеродром, Мицкоски се повика на последните партиски анкети кои покажуваат убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ, која се движи од 4:1 во однос на втората најголема …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни потези. Според партијата, СДСМ користел милионски суми за спонзорирани лажни вести, додека истовремено го избегнувал соочувањето со своите корупциски скандали. „СДСМ денес се фати за нерелевантни теми, за да го одвлече вниманието од своите криминални активности. Тие трошеле по 20.000 …

Continue Reading

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со економски потешкотии и зголемени животни трошоци. „Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, што е многу повеќе од минималната плата во Македонија. Додека народот едвај преживува поради растечките цени, власта ги троши парите на граѓаните за самопромоција …

Continue Reading

Левица со закон сака да ги ограничи енормните трошоци на пратениците за превоз

На седницата на Собранието што ќе се одржи в среда, ќе биде разгледан законскиот предлог на партијата Левица кој предвидува ограничување на патните трошоци на пратениците. Овој предлог е дел од заложбата на Левица како анти-естаблишмент партија, која бара намалување на привилегиите на функционерите, кои се злоупотребуваат, што предизвикува фрустрација кај народот. „Пратениците во текот на своето работење ги злоупотребуваат …

Continue Reading

Левица во Корча, Албанија: Остро се спротивставуваме на агресивната и бескурпулозна дипломатска офанзива на Бугарија во Албанија

На денешната средба одржана во Горица / Корча (Албанија), организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичката партија Левица беше претставувана од највисокото раководство – претседателот, проф. д-р Димитар Апасиев и потпретседателот, м-р Реџеп Исмаил – обајцата пратеници во Собранието на Република Македонија. Настанот беше посветен на разгледување на Нацрт-стратегијата предложена од претставниците на македонското мационално малцинство во Албанија, …

Continue Reading

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот. „Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој …

Continue Reading