Муртезани: Довербата во институциите се гради со интегритет, транспарентност и отчетност
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска го отвори настанот „Заштита на јавните финансиски интереси на инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ“, кој се одржува во Маврово во организација на УНОПС. Во своето обраќање, министерот ја нагласи клучната улога на довербата во институциите, владеењето на правото и одговорното управување со јавните финансии. „Довербата не се дава, таа мора да се стекне …
Continue Reading
„Еурактив“: Владата во Софија нема да преговара за омекнување на условите за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ
Новата бугарска влада одбива да преговара со Северна Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“. Во текстот е наведено дека пред три години, Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западниот Балкан. …
Continue Reading
Муцунски во Австралија: Македонската дијспора има важен придонес во општествениот и културниот живот
Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средби со спикерот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Грег Пајпер, заменик-спикерката Сонија Хорнери и пратеникот Нејтан Хагарти. На средбите се разговараше за одличните билатерални односи помеѓу двете земји, можностите за нивно продлабочување, како и значењето на парламентарната демократија и институционалната соработка. Министерот …
Continue Reading
Гаши со честитка до Курти: Овој резултат ја претставува довербата на граѓаните во однос на визијата за развојот и безбедноста на Косово
Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка до Албин Курти, за изборите во Косово. „Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово, а изборниот процес ја покажува сериозната заложба на институциите за транспарентност и демократија. Искрени честитки до мојот пријател, Албин Курти, за достоинствената победа на Движењето Самоопределување на парламентарните избори во Косово! Овој резултат ја претставува довербата …
Continue Reading
(Фото) „ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, 60.000 евра потрошил само тој досега“, вели СДСМ
„ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши илјадници евра месечн за лајкови на Фејсбук. Додека граѓаните едвај преживуваат во услови на енормни поскапувања, додека нема пари за поголеми плати и додека нема лекови, Мицкоски троши илјадници евра на Фејсбук за лајкови“, вели СДСМ. „Само една од неговите реклами чини 600 евра – сума поголема од минималната плата што самиот им ја „препорачува“ …
Continue Reading
Пратениците да покажат доблест и да го поддржат законот за ограничување на патни трошоци, повика партијата Левица
„Во изминатите четиринаесет години, пратениците од ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ си ги наполнија џебовите со вртоглави шест и пол милиони евра народни пари преку злоупотреба на патните трошоци! Затоа Левица поднесе Предлог – закон за ограничување на патните трошоци кој задутре, на 12 февруари, ќе биде ставен на Дневен ред на собраниската седница“, велат од партијата Левица. „Ги повикуваме сите …
Continue Reading
Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за фејсбук реклами за нивните лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и …
Continue Reading
Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ
„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај. Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат“, соопшти СДСМ. „Граѓаните беа …
Continue Reading
ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата
„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата во Северна Македонија. Албанците во Армијата се исклучени и ограничени од донесувањето важни одлуки и пристапот до стратешки позиции. Маргинализацијата на Албанците не запира само со исклучувањето од раководните позиции, туку се проширува и во системот на военото образование“, велат …
Continue Reading