СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Коцевски, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ „Васко Ковачевски е фатен во милионски криминал, а СДС молчи и не се оградува од него. СДС уште се нема оградено и од Артан Груби, кој избега и украде се што можеше да …

Continue Reading

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања ги коментираше своите посети на Вашингтон и Минхенската конференција. Тој истакна дека во периодот се остварени низа контакти и тие контакти ќе се продлабочуваат, а Македонија мора да го фати чекорот со промените кои се случуваат во светот. Тој посебно се осврна на Минхенската безбедносна конференција и …

Continue Reading

Муцунски-Џанел: разменети мислења за актуелните меѓународни и регионални предизвици

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ја прими амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се темелат на пријателство, доверба и заеднички вредности. Муцунски се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Холандија за евроинтеграциите на државата и ја нагласи …

Continue Reading

Мицкоски: Во вториот повик до сега аплицирале 34 општини со 179 проекти

„Првиот повик е завршен, вториот повик е во тек, проектите во вредност од 6 милијарди денари веќе до општините се пренесени по различни програми, дел од општините ги завршија тендерските постапки и почнуваат со реализација на тие проекти“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата одговарајќи на денешната седница за пратенички прашања. Мицкоски вели дека не може во 21 век да …

Continue Reading

Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје

„Скопје е град кој овие 15 години се изгради како во Центарот така и во приградските населби и села. Автобуските линии се стари повеќе од 40 години со мали интервенции и не одговараат на потребите на граѓаните, потребно е системско решение, предлагам да се направат физибилити студија за автобуските линии и за возниот ред што ќе важи за сите автобуси“, …

Continue Reading

Петрушевска: Со овие пратенички прашања ќе дејствуваме просветителски до опозицијата, која се претвори во центар за дезинформации и манипулации

Од она што успеавме да го видиме изминатиот период особено од страна на опозицијата, ќе се обидам со овие пратенички прашања да делуваме просветителски заради тоа што имаме чувство дека талкаат, но и се претворија во центар на дезинформации и манипулации, вели пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, на денешната собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања. Според неа, опозицијата …

Continue Reading

Лимани: Имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во државата е враќање на довербата на младите во институциите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска присуствуваше на настан во организација на Националниот младински совет на Македонија , на кој се дискутираше за значењето на имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во Македонија. Обраќајќи се пред присутните млади, Лимани ја истакна важноста од вклучувањето на младите во сите сфери на општественото живеење. „Колку сите ние сме посвесни …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што истакна, правење …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

Венко Филипче кој излезе и даваше предлози за меѓународно позиционирање на државата, или не знаеше дека Македонија гласала унисоно со САД, или свесно манипулираше, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, самиот СДС од Венко Филипче вчера направи кловн за потсмев. „Доколку Филипче, знаел дека Македонија гласала исто како САД, тогаш свесно манипулира и наместо да се …

Continue Reading