За распишување на изборите Гаши ќе го чека последниот рок поради временскиот теснец за избор на омбудсман и претседател на ДКСК

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, нема да брза да ги распише локалните избори кои треба да се одржат оваа есен оти се уште не се избрани нов Народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за спречување корупција откога досегашниот омбудсман се пензионираше, а досегашната претседателка на ДКСК поднесе оставка. „Најавивме дека сме во еден временски теснец околу изборот на …

Continue Reading

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи. Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската …

Continue Reading

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Дали Мицковски сака да ја врати Македонија во времето на режимот на Никола Груевски, и дали негирањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија денес се користи на …

Continue Reading

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме Народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов Народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, рече денес претседателот на Собранието, Африм Гаши. Процедурата за избор на Народен правобранител е почната, а за претседател на ДКСК допрва треба да се објави оглас. „Што се однесува до Народниот правобранител имавме јавен оглас, имавме 17 кандидати …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Ако на некого не му е јасно зошто истрагата за Кочани е таму каде што е, нека ги праша СДС и Коцевски

СДС и ДУИ се соголија. Паднаа маските. Покажаа дека тие стојат зад главниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто во него гледаат единствена сламка за спас од кривична одговорност за сторените криминали, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. СДС и ДУИ, како што рече, се единствениот спас за главниот обвинител Коцевски, и сега на секој му е совршено јасно …

Continue Reading

(Видео) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги а молчи за Кочани

Додека Македонија гори, прва во Европа по изгорена територија Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат за да ја покријат својата непособност. Човекот кој месеци молчеше и се криеше од сопствените сограѓани во Кочани, сега повторно излегува да сее лаги, да манипулира и да спинува, кажа на прес-конференција Трајче Стојчевски претседател на СДММ. Тој праша, со кое лице и …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев

Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев. Зоран Заев во изјава за еден пишан медиум кажа: ,,Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило”, посочи Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. …

Continue Reading

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат. -Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ целосно, до Драчево. …

Continue Reading

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а која се одржа во Штип се осврна на актуелни теми меѓу кои ситуацијата со пожарите и гласањето недоверба во Собранието за јавниот обвинител Љупчо Коцевски. „Гледам една нескриена радост и возбуда кај опозицијата од пожарите. …

Continue Reading