Мицкоски: Благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, уште преговараме, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оваа тема Мицкоски изрази задоволство што Македонија е во групата на држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но најави и продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување. „Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот …

Continue Reading

Кој зорт го натера Таравари да биде посредникот на Ахмети кај Мицкоски, прашуваат од „Вреди“

По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го натера да ја преземе улогата на посредник на Али Ахмети и на Артан Груби кај Христијан Мицкоски, прашуваат од „Вреди“. „Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата? Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати …

Continue Reading

(Видео) СДС ја партизираше и полицијата и институциите, во нивно време професионалците беа шиканирани, вели Петрушевски

СДС, токму тие ја партизираа полицијата и институциите. И додека СДС управуваше со институциите, професионалците беа шиканирани, а напредуваа само оние партиски подобните, истаклна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во одговор на новинарско прашање за денешната прес-конференција на потпретседателката на СДС, Ана Чупеска. Новите закони, вели тој, се во насока на професионализација и еднакви можности. „Тој кој е …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски

Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски. Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител …

Continue Reading

Ветингот не го сакаат тие што донираат јавни имоти, прифаќаат сомнителни српски донации и градат дивоградби, велат од ДУИ

Ветингот претставува институционална и општествена нужност, со цел враќање на довербата на граѓаните во правдата, во државните институции и во самиот демократски систем. Цврсто веруваме дека не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, кој ќе донесе транспарентност, отчетност и одговорност на сите нивоа на власта, велат од ДУИ. „Ставот на …

Continue Reading

(Видео) СДСМ со апел до Силјановска: Да не се потпишуваат законите за полиција

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на прес-конференција упати јавен апел до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише указите за новите Закони за полиција и за внатрешни работи. Чупеска посочи дека измените предвидуваат партизација на полицијата, со што, според СДСМ, се укинуваат професионалните стандарди и се зголемуваат дискреционите овластувања на министерот за внатрешни работи. Таа предупреди и …

Continue Reading

Арсовска за Чаир: Денес 50 дивоградби, утре уште 50, луѓето не заслужуваат да живеат безбедносно загрозени

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска изјави дека до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, Арсовска посочи дека станува збор за згради кои сѐ уште се градат – без документација, без проект, без платени …

Continue Reading

Мицкоски: Имаме 828 потпишани проекти, без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за капиталните инвестиции кои се однесуваат на општините од вториот повик од унгарскиот кредит, кои се проектите, какви се проектите и каков бенефит за граѓаните тие ќе носат. „Ова за прв пат се случува во Македонија, ваков тип на инвестиција …

Continue Reading

Фатон Селами предложен за нов Народен правобранител од владеачката коалиција

Пратениците од владеачката коалиција во Комисијата за избори и именувања го избраа 40-годишниот Фатон Селами за предлог кандидат за нов Народен правобранител. Селами во моментот е општински советник во Тетово од партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата Вреди, а предложен е од координаторот на пратеничката група Беким Ќоку. Опозициските пратеници од Европскиот Фронт го оспорија изборот. За избор на …

Continue Reading