„Влен“: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

„Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама. Тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат. Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше ВЛЕН, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами!“, велат од „Влен“. „Оваа …

Continue Reading

Левица се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, требало …

Continue Reading

Мицкоски останува на ставот дека треба да се пресметуваат посебни потрошувачки кошнички

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека е потребно да се изработат посебни потрошувачки кошнички за различни категории граѓани, како што се самци, млади брачни парови, семејства со три или четири члена, како и за пензионери. Тој нагласи дека трошоците на овие групи не се исти и затоа не треба да се третираат подеднакво. Мицкоски кажа дека на последната седница …

Continue Reading

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер, рече денеска на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Апатичноста на претходната власт изразена преку неисплатени субвенции и афунционални системи за наводнување, сега е веќе минато. За само 15 …

Continue Reading

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори. „Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци. Работниците чекаат повисоки плати, а тие …

Continue Reading

Крај за законски даденото право директорите на болници да си примаат доктори од партиски список!

Министерот за здравство Азир Алиу е првиот министер за здравство кој експлицитно даде конкретна поддршка за укинување на дискреционото право на директорите на болниците, со кое тие, законски, смеат наместо најдобро рангираниот доктор – да си вработат кого сакаат.   СОЛУЦИЈА Балкански центар за конструктивни политики Почетна Граѓанска сила Граѓанска сила Конечно: Крај за законски даденото право директорите на болници …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше за ПР сè уште не ја добиле ниту првата плата, рече денеска прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Кузеска оцени дека „изговорите дека допрва ќе се исплателе се празно оправдување и потценување на граѓаните“. „Млади луѓе, кои со месеци се …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница. Филипче кој како министер за …

Continue Reading

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу народите, туку и со природата, …

Continue Reading