Меџити и Агелер разговараа за реформите во судството, коридорите, интеграциите во ЕУ

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес во просториите на Владата оствари работна средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Од Канцеларијата на Меџити информираа дека средбата поминала во исклучително конструктивна, работна и пријателска атмосфера, при што фокусот бил ставен на понатамошното продлабочување на партнерските односи помеѓу двете држави, влади и нивните граѓани. Беше потенцирано …

Continue Reading

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата се стреми кон компромис кој ќе биде рационален за да се откочи патот кон Европската Унија. Тој е дециден и дека е крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого како држава, а се осврна и на владината позиција да се стави крај на билатеризацијата на …

Continue Reading

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата. Приватниот сектор, како што посочи, е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе. „Но, за овие две работи, потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. …

Continue Reading

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. Наскоро, како што појаснува, со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. „Се бориме …

Continue Reading

„Вреди“: Цените паѓаат, семејствата заштедуваат речиси 2.000 денари месечно

Врз основа на податоците од ССМ – Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се намалиле од 23.427 денари во февруари на 21.280 денари во април – намалување од 1.947 денари. Падот на цените е резултат на мерката за замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, која беше во сила од февруари до …

Continue Reading

Антикорупционерката Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, го олицетвори трулиот систем, велат од Левица

Веста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, е осомничена за оддавање на службени тајни на обвинет во случајот „Адитив”, е доказ дека т.н. „борба против корупцијата“ со ДПМНЕ и СДС на моќ е ништо друго туку мизерен театар за јавноста, оценуваат од Левица. Жената која, како што велат, требаше да биде водач во сузбивањето на …

Continue Reading

Замрзнувањето на цените дава позитивни ефекти, потрошувачката кошничка пониска за над 2.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владината мерка за замрзнување на цените и ограничување на маржите на основните прехранбени производи има позитивни ефекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Според анализите на ССМ, во месец февруари 2025 година, трошокот за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство изнесувал 23.427 денари. Во март истиот трошок се намалил на 21.838 денари, што претставува намалување од околу 3%. Во април, трошокот дополнително …

Continue Reading

СДСМ: Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се расправаат, целиот систем се распаѓа

Според СДСМ, Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала. „Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните. Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел, повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа …

Continue Reading

Зошто Битиќи чувал класифицирани документи дома во сеф и за што му биле потребни, ЈО да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче е континуитет во начинот на практикување на политиката на Заев, а екс вицепремиерот Фатмир Битиќи олицетворение на таа пракса. Дали во СДС е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, како …

Continue Reading