Крмов побара родителите на настраданите од Кочани да присуствуваат на седницата, Гаши не дозволи
Пратеникот на политичката партија Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, побара да бидат пуштени во законодавниот дом родителите на загинатите деца од дискотеката во Кочани кои протестираа пред Собранието. „По член 253 граѓаните на Република Македонија можат да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите во согласност …
Continue Reading
Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“
Во Собранието почна расправата по интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица. Пред пратениците се обрати министерот, кој рече дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со импровизираната дискотека „Пулс“. Toшковски вели дека не се плаши од одговорност и жали за секој изгубен живот, а институциите постапуваат по …
Continue Reading
(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал ќе ја затворел
Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година денес е на разгледување пред пратениците на македонското собрание. Интерпелацијата која ја поднесе пратеничката група на Левица, пред народните избраници ја образложи пратеникот Сашко Јанчев кој истакна дека за „некадарноста на министерот Тошковски од аспект на неговите карактерни особини, доволно говори фактот што …
Continue Reading
„Влен“: Историски чекор, почнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија
Коалицијата ВЛЕН го објави отворањето на меѓународниот тендер за изградба на 400 kV интерконективна врска помеѓу Северна Македонија и Албанија, еден од, како што велат, најважните стратешки проекти за енергетската иднина на нашата земја. „Овој голем успех е резултат на јасната визија и непоколебливата посветеност на директорот на МЕПСО , г-дин Бурим Латифи, и новиот менаџмент, кои со висок професионализам …
Continue Reading
Талески: Интерепелацијата за Тошковски не е политика, туку прашање дали ќе опстои државата
Господине Тошковски, вие сте 15 месеци веќе министер во МВР, и во овие месеци министерството го претворивте во комплетно нефункционално министерство, министерство со најголем број скандали, каде што преовладуваат селективноста, неказнивоста и целосно е нарушена безбедноста на граѓаните, му се обрати пратеникот од СДСМ, Миле Талески на министерот Тошковски. Според него, гласот „за“ интерпелацијат на министерот Панче Тошковски не е прашање …
Continue Reading
СДСМ: Обвинителството да го истражи скандалот со Стефковски и да утврди одговорност за сите
Скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици, а потоа беше ослободен од страна на МВР го потврди она што сите многу добро го знаат: за функционерите на ДПМНЕ и нивните роднини не важат законите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Министерот Панче Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот но само откако СДСМ го …
Continue Reading
Минчев ја истакна важноста од носење на Закон за организација и работа на органите на државната управа
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со претставници на СИГМА, заедничка иницијатива на ОЕЦД и Европската унија, која обезбедува стручна поддршка за реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан и пошироко. На средбата се разговараше за тековните и идните активности во областа на јавната администрација, со посебен фокус на модернизацијата и професионализацијата на административните служби. …
Continue Reading
Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски
Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предлага пратеникот Димитар Апасиев од Левица. ,,Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?. Согласно Деловникот …
Continue Reading
ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците
Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека соработката на една албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство не е ништо друго освен доказ за нивната опасна амбиција за инженеринг на албанската политичка сцена, со цел создавање на марионетска албанска структура под целосна контрола, и истовремено доказ за нивната омраза и одмазда кон ДУИ и Албанците – мотивирана од длабоки геополитички, антиевропски и …
Continue Reading