Ме радува спојувањето на „Вреди“, им посакувам успех, ние најверојатно ќе одиме и со свои кандидати за градоначалници, вели Таравари
Министерот за здравство и лидер на едно од двете крила на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, им го честита спојувањето во една партија на досегашните коалициски партнери од „Вреди“ и најави дека, најверојатно, освен свои советнички листи, неговата партија ќе оди сама и со кандидати за градоначалници на локалните избори наесен. „’Вреди’ се обедини. Им посакувам успех. Многу ме радува …
Continue Reading
Партијата Левица со поддршка на првомајските протести
Во време кога капиталот ја гаси секоја искра на отпор, платите стагнираат, цените растат, а власта парче по парче ги крати работничките права и ја продлабочува социјалната неправда, време е за работничка солидарност. 1 Мај е денот кога работникот треба да покаже дека неговиот глас никогаш нема да биде замолчен, порачуваат од политичката партија Левица. Од партијата велат дека владата …
Continue Reading
СДСМ почна постапка за утврдување кандидати за локалните избори
Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори. Од денес, 30.04.2025 година, започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори. „Преку отворена, …
Continue Reading
Мицкоски: Добив одлична вест во авион – растот на индустриското производство за март е 5,2%
На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, објави премиерот, Христијан Мицкоски. „Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Заев јадеше живи луѓе, дали Филипче и на тоа се восхитува и дали и од тоа учи?
„Зоран Заев јадеше живи луѓе, дали Филипче и на тоа се восхитува и дали и од тоа учи? Венко Филипче беше многу дециден, кажа дека од Заев народот треба да учи и дека нема друг како него. Во едно сме сигурни, канибал како Заев, кој пред избори најави дека ќе јаде живи луѓе и го стори тоа, нема“, рече Валентин …
Continue Reading
Муцунски во работна посета на Јапонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во наредните денови ќе престојува во работна посета на Јапонија. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото одбележување на Националниот ден на Република Северна Македонија на Осака ЕКСПО 2025, каде што земјата учествува со свој павилјон, промовирајќи ги културните, туристичките …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка
Светската банка ја ревидираше својата проекција за растот на македонската економија за 2025 година од 3,0% на 2,6%. Надолната ревизија продолжува и за 2026 година, со очекуван раст на БДП од 2,7%, наместо претходно проектираните 3,2%. Станува збор за сигнал кој произлегува од реалните економски текови, не од желби и политички маркетинг. Светската банка не се занимава со реторика, туку …
Continue Reading
Левица: Уште еден закон одбиен – власта не гласаше за предлогот за денови на жалост
На вчерашната собраниска седница, владејачкото мнозинство повторно не ја надмина својата партиска суета и не гласаше за предлог-законот на Левица за денови на жалост, соопштија од партијата. „Бидејќи во Македонија никако не е регулиран медиумскиот простор при денови на жалост, пратеничката група на Левица поднесе законско решение за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите …
Continue Reading
Љутков во Кјото: Напредок во културната соработка со Јапонија
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од владината делегација која е во посета на македонскиот павилјон во рамките на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, денеска во Кјото, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија, и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на Македонија во Јапонија, оствари работна средба со комесарот за културни врски на Јапонија, …
Continue Reading