Падот за шест места е сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување, велат од ДУИ за извештајот на „Репортери без граници“
Падот на Македонија за шест места на најновиот индекс за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ претставува сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување и односот кон критичкото мислење во земјава, велат од ДУИ. Деталната анализа, според нив, укажува на сериозни слабости, од политичкиот контекст и правната рамка, до економските притисоци и безбедносната состојба на новинарите. Загрижувачки е, …
Continue Reading
Левица: Економијата расте на хартија, сиромаштијата расте во реалноста
Додека власта си мери економија во проценти, народот мери со празни паричници и недостижна потрошувачка кошничка. Додека од една страна Мицкоски и неговите министри секојдневно зборуваат за позитивни трендови и раст на економијата, од друга страна зголемената сиромаштија, ниските плати и растечките цени не претставуваат позитивен тренд за работникот, пензионерот, студентот, велат од Левица. Според оваа партија, инфлацијата и понатаму …
Continue Reading
Богојески донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Како што велат од Агенцијата, лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување …
Continue Reading
Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. Како дел од владината делегација, на средбата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев. Во фокусот на разговорите беа …
Continue Reading
СДСМ: Владата да ги објави сметките од гозбите во рестораните
Шокантен е одговорот на Владата по вчерашното објавување на сметките од над 30.000 евра што владините министри ги изеле и испиле во неколку ресторани во Скопје. Според Владата, тоа биле сметки од бифињата на министерствата, а не сметки за ручеци на министрите, велат од СДСМ. Според партијата, прашањето е – колку вработени тоа јаделе и пиеле на државна сметка? „Или …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е доследен на Заев и во предавствата
Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија, велат од ВМРО-ДПМПНЕ. Од таму прашуваат дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците …
Continue Reading
Меџити: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок
Првиот вицепремиер, Изет Меџити, упати честитка по повод 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, изразувајќи благодарност до сите работници кои со посветеност и чесност секојдневно придонесуваат за развојот на општеството. „Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок – наставниците кои ги едуцираат генерациите, здравствените работници кои го штитат животот, полицајците кои ја обезбедуваат безбедноста, земјоделците кои ја хранат земјата, градежниците кои …
Continue Reading
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?
Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение. „Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и …
Continue Reading
Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри
Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според владата, опозициската партија, ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите. „Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги …
Continue Reading