(Видео) „Филипче да се огради од наркодилерот Андон Стојков“, бара Манасиевски

„24 часа Венко Филипче и СДС молчат за нивниот пријател и функционер Андон Стојков, кој беше фатен со дрога. Филипче и СДС молчат затоа што Андон Стојков е нивен близок пријател, а тоа се гледа од овие фотографии со Венко Филипче и Зоран Заев“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Срамота е на кое дереџе се спушти СДС …

Continue Reading

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за замрзнати маржи. Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи, обвини СДСМ. „Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на …

Continue Reading

Меџити: Ја отворивме вратата кон 𝟨𝟢𝟢 милиони евра за зелени проекти преку програмата LIFE на Европската Унија

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства. Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа …

Continue Reading

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето. Стотици пливачи и ватерполисти останаа без соодветни тренинзи“, велат од партијата Левица. „По обичај, цената за пропустите ја плаќа некој друг, во случајов тоа се македонските пливачи кои се принудени да се снаоѓаат на свој начин …

Continue Reading

Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите, тврди партијата Левица. „За …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија

СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија, обвинија ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција. Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење …

Continue Reading

ДУИ: Силјановска – Давкова застана на страна на Владата во поткопувањето на мултиетничкиот карактер на државата

Во време кога мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија е под сериозна закана, претседателката Гордана Силјановска Давкова отворено се позиционираше на страната на Владата, занемарувајќи ги механизмите за заштита од етничка мајоризација, велат од ДУИ. „Со нејзината изјава дека „не е важно колку пратеници Албанци ќе го напуштат парламентарното мнозинство, сѐ додека Владата има 61 пратеник – нема потреба од …

Continue Reading

Тошковски-Сецуко: разменети иницијативи за продлабочување на соработката со Јапонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средна со Амбасадорката на Јапонија во земјава, Кавахара Сецуко. На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете земји, волјата за унапредување на соработката и на стратешко и на оперативно ниво, а се разменија и иницијативи за продлабочување на истата преку членување во разни меѓународни организации за полициска соработка. Двете страни …

Continue Reading

СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Лицемерието на СДС нема крај. Тие кои ги распродаваа националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, сега глумат загриженост. СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за да го деградираат македонскиот јазик. Потпишуваа понижувачки договори …

Continue Reading