Левица: Со почит кон борбата од минатото и визија за промени во сегашноста

По повод 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ Левица положи цвеќе на Могилата на непобедените и пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во центарот на Прилеп. Во полна со дух и средечна атмосфера партиска делегација, предводена од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, одржа средба со граѓани на која беше презентирана програмата за Прилеп, се наведува во соопштението на Левица. …

Continue Reading

Жените од бизнис-секторот го поканија Орце Ѓорѓиевски на ручек

Актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, претседател на ЗЕЛС и кандидат за прв човек на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски присуствувал на ручек со жени од бизнис-секторот. Тој на Фејсбук објави дека на покана од мрежата „Јас сум жена“ денеска, заедно со неговата сопруга, бил на собир со жени претприемачи, универзитетски професорки, директорки , како што наведе:„силни, самостојни и …

Continue Reading

Мицкоски за 11 Октомври: Поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во Југославија бил многу поорганизиран од сега

Потребна е длабока мобилизација на сите структури во општеството за да направиме рестарт на системот којшто е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања и разочарувања. Не само мобилизација на политичките елити, туку длабока мобилизација на сите структури во општеството. Потребен е суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централното …

Continue Reading

Мицкоски: Местото на оваа мала земја е во Европската унија

Местото на оваа мала земја е во Европската унија, но не по секоја цена, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој го повика Европскиот совет уште на следната седница да испрати заклучок дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, јазик и култура, а источниот сосед да покаже европска зрелост и да ги почитува пресудите од Меѓународниот суд за …

Continue Reading

Минчев по повод 11 Октомври: Обврзани сме да ја чуваме слободата и да градиме праведни институции

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата, Иван Стоилковиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово, во чест на хероите кои ги положија своите животи за слободата и достоинството на македонскиот народ. Министерот за јавна администрација …

Continue Reading

Филипче вели дека Лекарската комора треба да процени дали доктор снимен со дрога може да лекува пациенти

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Лекарската комора треба да реагира и да направи проценка дали доктор во состојба во која беше фатен директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски може да лекува пациенти. Според Филипче, добро е што Кузмановски е веднаш разрешен, но очекува реакција и од Лекарската комора. – Сметам дека е добро што е разрешен веднаш …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа и да стане извор на гордост

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“. -Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. …

Continue Reading

Османи најави мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи на денешната прес-конференција ги претстави клучните здравствени проекти од неговата изборна програма. Најави нов пристап во локалната здравствена политика. Османи најави воспоставување на мобилна болница, како караван кој секојдневно ќе биде присутен во различни населени места, каде граѓаните ќе можат бесплатно да направат превентивни здравствени прегледи. – …

Continue Reading

СДСМ: По наркоскандалот на директорот на Неврологија мора кривична одговорност и темелна истрага

По скандалот со директорот на Клиниката за неврологија, кој беше снимен како консумира дрога, од СДСМ реагираат дека повлекувањето од функцијата не е доволно и бараат целосна кривична и институционална одговорност. „Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност и темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи се работи за здравството и за здравјето на луѓето,“ …

Continue Reading