(Видео) Петрушевски: Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС фатен со 12 пакувања кокаин и кеш
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обвини за нов скандал со дрога на активист на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. „СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови. Нов скандал на повидок од страна на член на СДС, кој пред 2 дена бил фатен со дрога. На 09.05.2025г, од информации добиени од свиркач, бил уапсен Слаѓан Марковски …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата: Владата помага на сите опфатени со трагедијата во Кочани, СДС да престане да ја политизира работата
Владата помага и на повредените од трагедијата, и на оние кои имаат некаква трауми од истата, и на оние кои за семејства кои за жал изгубија свој близок од истата, велат од ВМРО – ДПМНЕ по повикот од СДСМ да го поддржат законот за Кочани. „Владата ја стави на располагање целата државна помош којашто им е потребна на оние кои …
Continue Reading
СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели
Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат, а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива, велат од СДСМ. „Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно. Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум. Народот чека одговори и бара одговорност. Погледни ги …
Continue Reading
Трипуновски во Василево: Нема да се чека крајниот рок за проценка на штетите од последното невреме
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денес направи увид на штетите од последното невреме што ја зафати територијата на општина Василево. На земјоделците им вети дека комисии за проценка на штетите ќе почнат со работа предвреме. „Деновиве, Комисиите ќе излезат на терен нема да го чекаат крајниот рок до 20-ти мај кога треба да заврши повикот за пријавување …
Continue Reading
(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата
Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани. Од СДСМ велат дека како луѓе и како општество сите имаме обврска да покажеме дека сме тука кога е најтешко за семејствата кои изгубија сѐ, „Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани што го поднесовме е чин на солидарност, човечност и …
Continue Reading
Секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци, обвини ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини Социјадемократслиот сојуз (СДСМ) за партиски состаноци во училиште во Струмица. „СДС продолжува да докажува како тие ја користат власта, онаму каде што останаа власт. СДС продолжува да докажува дека нема желба за промена, туку дека им одговара терминологијата – „како до сега”. Во Струмица, каде што градоначалник е Костадин Костадинов, од редовите на СДС и …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна
Откако пред неколку недели, Венко демантираше дека имал златна виза во Дубаи, Филипче сега веќе си признава дека имал златна виза, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко прво рече дека нема виза, па Филипче рече дека имал виза. Венко рече дека визата му била обична како и на обичен граѓанин, па Филипче призна дека визата била златна. Венко рече дека златната виза …
Continue Reading
Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач
На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски оцени дека СДСМ е структура која ја изгубила врската со реалноста и денес опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови. Оттука тој директно се обрати до Венко Филипче: „Венко, за што ќе ја искористиш ’златната виза’ од Дубаи која призна …
Continue Reading
Работна посета на министерот Муцунски на Кралството Шведска
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, на покана на шведската министерка за надворешни работи, Мариа Малмер Стенергард. Во рамки на посетата, покрај билатералната средба со министерката Стенергард, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби и со министерката за европски прашања, Џесика Розенкранц, како и со државниот секретар за …
Continue Reading