За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата, Гаши уверува дека мнозинството е стабилно

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен ред, предлогот во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе се најде на првата наредна седница. Вака, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, одговори на прашањето кога ќе се избира новиот министер за здравство. Претходно, првиот вицепремиер, Изет …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште со инвестиција од 1,3 милијарди од британскиот заем

Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето. За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е главен фокус. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен …

Continue Reading

Филипче не чувствува одговорност за Онкологија, важно му е само да се факторизира на политичката сцена за да му течат бизнисите со Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче, според оваа партија, не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ не се …

Continue Reading

„Влен“: Нашата работа се смета за конкретна, серија инвестиции и промени во текот на 11 месеци

„За само 11 месеци владеење, „Влен“ ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани“, велат од „Влен“. „Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување …

Continue Reading

„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата

Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани во тендерот, рече денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обвинувањата дека тукушто отворена компанија и мало модно студио добиле милионски тендер. Тој го охрабри Обвинителството да отвори постапка, повика да постапат и сите останати институции вклучително и соодветните …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Филипче: Нема потреба од лидерска средба

Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на лидерот на СДСМ, дека премиерот, Христијан Мицкоски, одбил лидерска средба. Ако Венко сака средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Мицкоски одби лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по седницата на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, во одговор на новинарски прашања подетално го образложи неговиот повик за лидерска средба, која, како што рече за жал, премиерот Христијан Мицкоски ја одбил без да го слушне објаснувањето. „Имено, кога разговараме за некои многу битни точки, како што е националниот консензус, кога …

Continue Reading

„Влен“ им посака добредојде на поранешните соработници на Таравари: Достоинствено застанаа со граѓаните

„Влен“ им посака добредојде и изрази благодарност до поранешните сопартијци на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците кои по несогласувањето со неговите политики им се приклучија и најавија дека ќе продолжат да дејствуваат во рамки на владејачката коалиција. Од „Влен“ за вицепремиерот Арбен Фетаи, ексминистерот Азир Алиу и уште десетици други велат дека избрале достоинствено да застанат таму каде што …

Continue Reading

„Знае ли општинската инспекција за масовното уништување на животната средина во Аеродром“, прашува СДСМ

„Застрашувачки се информациите за масовното уништување на животната средина на територија на Општина Аеродром, откриен од инспекцијата на Град Скопје. Додека општинските инспектори за заштита на животната средина спијат, градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовка како во некое нискобуиџетно реално шоу објавува снимки од нелегална сепарација за ископ на песок кај мостот на Вардар во Долно Лисиче“, велат од СДСМ. „Општинската …

Continue Reading