Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка
Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот празник Курбан Бајрам. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Вам и на сите граѓани припадници на исламската заедница и да Ви посакам празникот да го поминете во …
Continue Reading
Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде за тебе ДУИ побегуљо ќе појаснам уште еднаш. За тоа што бараш да постапувам во Сарај, е исто како да бараш да одам во Битола или Тетово, немаме таму за жал надлежност за дивоградби. Ќе …
Continue Reading
Салиу: Не чувствувам вина за пожарот во Кочани
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, вели дека не чувствува вина. „Верувам во нашата држава, верувам во институциите, во судните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација, 18 години сум бил адвокат, оставам …
Continue Reading
За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања. Потенцираме, потрошените средства за Јапонија кои се споменуваат изнесуваат точно 3.485.080 денари и не се искористени за бројна делегација од Министерството за култура и туризам како што СДС сакаат да прикажат туку наменети се исклучиво …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово
Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО. Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „Деновиве презентиравме неколку сознанија: Венко Филипче …
Continue Reading
Забраната на мирни собири и протести пред Собранието е во спротивност со Уставот, реагира Хелсиншкиот комитет
Во Собранието на Република Северна Македонија во процедура на разгледување е ставен предлог закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. Предлог законот е поднесен по скратена постапка, потсетуваат од Хелсиншкиот момитет за човекови права. Законот, како што информираат, предвидува сериозни ограничувања во просторот околу законодавниот дом, вклучувајќи забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како …
Continue Reading
Одбија помош за Кочани, сега држат трибини, срамна бездушност на ВМРО-ДПМНЕ, вели Кузеска
Со голем гнев и разочараност ја следиме најавата дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира трибина за Кочани. Какво лицемерие, каква нечовечност, каква ароганција. Кочани не е приоритет за Владата. Владата го одби Законот за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата. Буквално одби финансиски да им помогне додека родители даваат откази од работа за да се грижат за …
Continue Reading
Издвоивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства кои се лекуваа во странство, вели Томовски за трагедијата во Кочани
Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во Владата и која беше посветена на трагедијата во Кочани, говореше за реализираните активности во делот на логистиката, особено во делот на поддршка на семејствата коишто заминаа заедно со повредените кои беа на лекување во странство. „На тој кобен неделен ден, …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани
Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Мицкоски и Тошковски, вели Кузеска, прават се за да ги прикријат трагите и …
Continue Reading