(Видео) „Филипче е срам за Македонија, наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси“, вели Петрушевски
„Венко Филипче е срам за Македонија, наместо да биде во линија со националните интереси, тој по примерот на Зоран Заев оди и ги поткопува позициите на државата во Атина. Венко Филипче го користи секој свој јавен настап надвор за да ја кодоши државата и да ги руши нејзините позиции со лаги и измислици“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Што …
Continue Reading
ДУИ: Етничка дискриминација во распределбата на проекти, Стоилковиќ ги брише Албанците, молчењето е соучесништво
„Демократската унија за интеграција реагира со длабока огорченост на скандалозниот начин на кој средствата се распределуваат на граѓанските здруженија од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, на чело со вицепремиерот Иван Стоилковиќ“, велат од ДУИ. „Според податоците објавени од медиумите, резултатите се следниве: 29 проекти за македонски здруженија, 5 проекти за српски здруженија, 3 проекти за ромски здруженија и …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство
„Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти. Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во …
Continue Reading
„Влен“: Историска инвестиција од 6,74 милиони долари за заштита на животната средина
„Климатските промени не чекаат. Земјиштата се деградираат, шумите исчезнуваат, биодиверзитетот е во опасност. Соочен со овие предизвици, „Влен“ не седи со скрстени раце. За прв пат, Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, успеа да обезбеди нов договор за соработка со УНДП, во рамките на 8-та фаза од проектите на GEF, со вкупен буџет од 6,74 …
Continue Reading
ДУИ: Албанците дискриминирани дури и под раководство на Албанец
Демократската унија за интеграција јавно ги осудува, како што велат, дискриминаторските практики при вработувањето во Центарот за управување со кризи, каде на последниот конкурс се примени 12 Македонци и тројца Албанци. Оваа институција, велат од ДУИ, се води од директор со албанска етничка припадност, но, очигледно, со лојалност кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ. „Ситуацијата е алармантна. За Албанците нема значење ако …
Continue Reading
Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и лоши пораки и дека Мицкоски признал дека ништо не направил, ама „допрва ќе работел“. „Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува. Свесен е дека не му поминуваат лагите кои четврта година како …
Continue Reading
Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба
ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за својот идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние кои што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ со една реченица одговара на честитката од Заев до Ципрас: Она со кое паметниот се срами, недоветниот се гордее
ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица. „Зоран Заев упати честитка до Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор. Одговорот е само еден: она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Заев му честиташе на Ципрас за седумгодишнината од договорот потпишан на 17 …
Continue Reading
СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани. За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите …
Continue Reading