(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откако му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откако јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово, сака да не замолчи, изјави Анита Мургашанска – советничка во Советот на град Скопје од СДСМ. Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара, додаде таа, Максим …

Continue Reading

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е вистинската причина за најавите на контролорите за штрајк на 10 јуни и затворање на небото доколку не престане непочитувањето на систематизација. Одговарајќи на новинарски прашања на повторното отворање на комплексот „Македонско село“ на Водно, премиерот Мицкоски најавите ги нарече закани …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Дали парите за рекет од „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

СДСМ на прес-конференција побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали парите за рекет од дискотеката „Пулс“ завршувале кај владејачката партија и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски. „Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски?“, праша Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Опозициската партија …

Continue Reading

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2.600 деца

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави: „Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си …

Continue Reading

Поради дефект на водоводна цевка се суши тутунот во Прилепското поле, алармира СДСМ

Пукната цевка во хидросистемот кој го наводнува плодното Прилепско поле, е причина што повеќе од месец и пол огромни површини засадени со тутун се наоѓаат пред сушење, велат од СДСМ Прилеп. Сашо Јорданоски, од партиската Комисија за земјоделство во овој град рече дека прекинот со водоснабдување на земјоделските површини настанал уште во периодот на расадување на тутунот. Оттогаш па до …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по примерот на Заев ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции сред Атина

Кога помисливме дека поголем штетник за државните и национални интереси од Зоран Заев нема, се појави Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение. „Филипче по примерот на неговиот ментор Заев, ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции, и тоа од сред Атина. Како главен опозиционер, наместо да биде на линија со националните интереси, Филипче во своите јавни настапи …

Continue Reading

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта. Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, …

Continue Reading

„Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС уште еднаш покажа дека не може да излезе од сопствениот балон. Додека Владата работи, додека се намалуваат даноци, се враќа ред во институциите и државата почна да оди напред, СДС се занимава со измислени термини и панични настапиво јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги …

Continue Reading

(Видео) „Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии“, вели Манасиевски

„Истрагата за Кочани од страна на МВР е спроведена во целост и без поштедување на било кого, како што тоа во минатото беше случај. Сите документи се предадени во ЈО и никој не е поштеден. ЈО е сега тоа кое треба низ понатамошниот тек на постапката да одлучува кого ќе опфати со предметот, а кого не“, кажа Валентин Манасиевски, член …

Continue Reading