Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ откако најави ново делување
Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со ново интерпартиско делување. „Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како. Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на …
Continue Reading
ДУИ: „Влен“ покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив
„Процесот на вработувања во државните институции се одвива селективно и дискриминаторски, при што Албанците остануваат целосно непретставени. Секојдневно, нивното исклучување станува редовна пракса на оваа Влада“, велат од ДУИ. „Наместо да се зајакне правичната застапеност, Владата предлага замена на постојниот законски механизам (балансерот) со нефункционална комисија која еднаш годишно ќе подготвува „анализи“. Таквиот модел не гарантира ниту застапеност, ниту фер …
Continue Reading
„Реновирани оддели и амбуланти, проширена позитивна листа, зголемени плати на здравствените работници и капитационен бод на матичните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Здравство, една од најзначајните, а во исто време најчувствителна гранка во македонското општество. Како и се останато, СДС се погрижи, за периодот на седумгодишното владеење, целосно да го урниса, да ја намали довербата на пациентите во здравствените работници и да остави разочаран и депримиран здравствениот персонал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Не требаше многу, доволно беше една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ за …
Continue Reading
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски
„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша …
Continue Reading
Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во која се движи партијата. Како што наведе во објава на социјалните мрежи, одлуката е донесена „од чесност и срце“, со уверување дека СДСМ треба да се врати „таму каде што и е местото“. Костадинов порача дека во моменталната политичка состојба …
Continue Reading
СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници
Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници. Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе …
Continue Reading
Стојаноски: За првпат после долго време, носиме ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи
Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен …
Continue Reading
Битиќи: Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4 проценти, над законскиот лимит
Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс. Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа …
Continue Reading
Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, обвини дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот. „Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. …
Continue Reading