(Видео) Кузеска: Владата ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма е обвинета за корупција во Гана

Со огромна загриженост ја информираме јавноста дека владејачката партија подготвува уште еден срамен чин на предавство на националните интереси, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, како што е наведено во Законот за енергетика, кој самите го донесоа во парламентот во мај годинава, додаде таа, …

Continue Reading

СДСМ: Предлог-резолуцијата со Бугарија е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, оцени дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и претставува нов удар врз македонските национални позиции. „Станува збор за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто се отвораат теми кои се веќе затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и …

Continue Reading

Презентација на ШТЕТ-НА: Локалните избори се тест за политичарите да ја намалат штетната реторика

Политичарите треба да практикуваат етичка, транспарентна и професионална комуникација, базирана на факти, а не на манипулации и навредливи изрази – е еден од заклучоците од презентацијата на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“ пред пратениците, која ја организираше Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието. Станува збор за наоди од деветмесечниот мониторинг на штетните наративи на …

Continue Reading

СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР. Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски. „По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски …

Continue Reading

Мицкоски: Потпишан Меморандум со „Казанџи Груп“ – стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра

Премиерот, Христијан Мицкоски, со претставник од компанијата „Казанџи Груп“ денеска потпишаа меморандум, со кој, според премиерот, се отвора простор за стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра. „Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економскиот интерес на државата на долги патеки. Со потпишувањето на овој …

Continue Reading

„Филипче по стапките на Заев, за да дојде на власт и да остварува личен интерес, слугува и одработува на бугарските интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во својата историја СДС покажа и докажа, дека на власт не може да дојде со изборна програма во која, со понуда за проекти да ја бараат поддршката на граѓаните. Во неколку изборни циклуси СДС влегува со јасна предавничка цел и со лаги и манипулации бара гласови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Не често ги добива, па така само за да ги реализира …

Continue Reading

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина. Се сретна повеќе пати со српските власти отколку со косовските“, велат од „Влен“. „Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, а беше и редовна „кореографијата“ на прошетките и вечерите со Александар Вучиќ. На Албанците им понуди само селфи-дипломатија, …

Continue Reading

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања во земјата и подготовките за претстојните локални избори. Централното претседателство едногласно го именува Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, за шеф на Централниот изборен штаб. Исто така, со целосен консензус беа потврдени кандидатите кои ќе се …

Continue Reading

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката, како што истакна, е резултат на долг период на консултации и сериозно преиспитување, донесена заеднички со луѓето што му се најблиску. „Не се работи за функција. Они кои ме знаат, добро знаат дека сѐ што правам, во секој предизвик, влегувам …

Continue Reading