Брза железница, нови болници, подобри патишта, крајната цел е младите да останат во земјата, Муцунски за договорот со Обединетото Кралство
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на социјалните мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот. „Зборовите не се доволни. Резултатите …
Continue Reading
Талески: За една година владеење ВМРО-ДПМНЕ ја загрози иднината и ја врати државата цела деценија назад
На денешната собраниска седница, пратеникот од СДСМ, Миле Талески, упати критика до владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот, критикувајќи ги како што рече, лошите економски, но и погрешните политики на власта кои според него за само една година ја вратија државата цела деценија назад, како во времето на Никола Груевски, загрозувајќи ја нејзината иднина. „Ова е ваш …
Continue Reading
(Видео) Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта
Владата уште еднаш покажа дека нема допир со реалноста. Денешниот ребаланс на Буџетот не е ништо друго освен јасен показател дека оваа власт не само што нема визија, туку и свесно се оддалечува од интересите на граѓаните. Она што требаше да биде алатка за подобар животен стандард и економски развој, се претвори во средство за партиско луксузирање и изборен маркетинг, …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Неразвоен буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните
Овој ребаланс не е развоен и не е социјално одговорен. Тој е создавање на ново множество на пропуштени шанси, на скриени долгови, на селективна поддршка и на краткорочни политички пресметки. Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година. …
Continue Reading
(Видео) Мицевски: Маските веќе паѓаат, Битиќи глуми жртва и мисли дека ќе избега од одговорност за своите постапки
На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е Ребалансот на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДС Фатмир Бетиќи. Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вицепремиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице, истакна на социјалните мрежи Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Почнаа …
Continue Reading
Покачување на пензиите, набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви, одлучи Владата
Владата на денешната седница донесе предлог за измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување и одлуки за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви. Го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите. Дополнително, Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС беше на власт, не успеа да го договори „Казанџи“, a сега не им одговара
СДС повторно лицемерно излегува на прес-конференции и им пречи што Казанџи Холдинг ќе вложи милијарда евра за енергетиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но, само пред неколку години, кога тие беа на власт со ДУИ, не успеаја да ја договорат оваа инвестиција, па сега им пречи. СДС мора да се навикнат дека нивното време заедно со ДУИ заврши. А со тоа завршија …
Continue Reading
Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија
Ребалансот на Буџетот за 2025 година е фискално нереален, социјално штетен и целосно без развојна компонента. Овој ребаланс е скроен по мерка на власта, а не по мерка на граѓаните. Сведоци сме на невидено галопирање на основните трошоци за живот. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесува 4,5%, а Владата продолжува да прогнозира нереални 2,8%. …
Continue Reading
Стојаноски: Ова е ребаланс кој ја отсликува нашата зрела економска политика
На денешната собраниска седница на која се расправаше за дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека буџетот е флексибилен инструмент што се приспособува на реалните економски движења и на приоритетите на нашето општество, а воедно потенцираше дека има зголемување на приходите, стабилен дефицит и стабилна фискална политика. „Станува …
Continue Reading