Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот, со предавник кој може да ги продаде и државните интереси
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски кој истакна дека навредите кои Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот и како што кажа, предавник кој може да ги продаде и државните интереси. „Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина …
Continue Reading
СДСМ: Без табуа, младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на здравствени навики и сексуално образование
На младинската трибина на СДММ „Без табуа, со знаење – младите и сексуалното образование“, учесниците порачаа дека младите имаат право на научно засновани информации, здравствена заштита и образование што ќе им помогне да носат одговорни одлуки и да градат здрави и ненасилни односи. На трибината се обратија претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ана Данева, претседателка на Комисијата за здравство на …
Continue Reading
Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме
„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг …
Continue Reading
Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка – стап и морков, велат од СДСМ
Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине – лаже. Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. …
Continue Reading
(Видео) Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони. „Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и …
Continue Reading
Мицкоски нема да ги напушти преговорите туку ќе ги засили барањата за средби со Бугарите: Нема да бидеме жртва на емотивни реакции, бегалецот и бегалката ќе одговараат
Бегството на Ива Михаилова во Бугарија среде судски процес во кој е осомничена за сообраќајка со смртни последици и тензијата што ја предизвика меѓу двете земји, премиерот, Христијан Мицкоски, вели дека нема да го премисли за процесот на евроинтеграција. Тој денес најави дека ќе ги интензивира барањата за средби со Бугарите за да се бара решение за проблемите, а рече …
Continue Reading
Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави: „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да …
Continue Reading
(Видео) СДСМ обвинува за партизација на Судскиот совет и бара повлекување на предложените кандидати
СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се обидува да воспостави целосна контрола врз правосудството преку избор на партиски поврзани кадри во Судскиот совет. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, побара повлекување на предложените кандидати Емилија Алексовска и Џоко Диков. „Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето. Тоа го прави веќе две …
Continue Reading
Мојсоска: Мултиполарноста како реална шанса за суверена политика на Македонија
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, имаше обраќање на „Форумот за размена меѓу законодавци“, организиран од Народната асоцијација на Кина за пријателство со други држави Chinese People’s Association for Friendship with Foreign Countries. Таа истакна дека појавата на мултиполарен светски поредок отвора историска можност за државите во развој да излезат од позицијата на економска периферија и да изградат сопствен, суверен развоен …
Continue Reading