(Видео) Државата се брани со сојузници и опрема, први во регионот потпишавме Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, вели Муцунски
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во видео објавено на социјалните мрежи, укажува за важноста и придобивките од безбедносното партнерство со Европската Унија, при што ја потенцира важноста што нашата држава е прва од регионот што потпиша вакво партнерство со ЕУ. „Државата не се брани со зборови. Се брани со сојузници, опрема и знаење. Заедничките вредности не …
Continue Reading
Алиу ветува 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
Верувам дека здравството е повеќе од систем. Тоа е нераскинливо морално ветувањето што си го даваме едни на други: дека кога најмногу ни треба, ќе има некој тука за нас“, порачува во видео обраќање министерот за здравство, Азир Алиу. Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. …
Continue Reading
На првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул учествуваше Муцунски
На покана на министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Истанбул учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир. Настанот се одржа на иницијатива на турскиот министер Фидан, со учество на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан. Како што се наведува во соопштението од …
Continue Reading
Владата тврди: Почнува стабилизацијата на здравствениот систем
По една година од преземањето на власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги истакнува првите резултати во, како што велат, еден од најзапоставените сектори од претходната власт – здравството. „Почна процесот на консолидација на јавните здравствени установи низ државата, што вклучува намалување на наследените долгови и екипирање со неопходен здравствен кадар“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, СДСМ оставила здравствен систем во …
Continue Reading
СДСМ: Македонија гори поради неспособноста на Владата
Повеќе од 100 активни пожари ја зафатија територијата на целата држава, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, не презема ништо за навремена и ефикасна интервенција. „Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта“, соопштија од СДСМ, оценувајќи дека се работи за „предавство, а не за патриотизам“. Според партијата, во моментов …
Continue Reading
Шукова и Мојсова на пазарот во Тафталиџе: Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош. „Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова. Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно …
Continue Reading
Муцунски во Истанбул се сретна со турскиот министер за надворешни работи
На маргините на состанокот на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул оствари средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности. Соговорниците се осврнаа и на продлабочување на соработката …
Continue Reading
Апасиев со тужба против Собранието и Гаши
Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши. Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да …
Continue Reading
Вреди: Исплатени 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци низ државата
Преку Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија добиле директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари – информираат од политичката платформа Вреди. Според соопштението, исплатите се реализирани благодарение на, како што посочуваат, „непоколебливата посветеност“ на заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа. Од Вреди ја оценуваат оваа поддршка како една од најзначајните и најдиректни инвестиции …
Continue Reading