(Видео) СДСМ: Инфлација од 4,8 отсто, властите да ги прифатат нашите предлози за укинување на ДДВ за храна

Заменик-претседателката на Форумот на жени при СДСМ, Ема Нешковска, на денешната прес-конференција изјави дека инфлацијата од 4,8 проценти на годишно ниво ја доведува економијата во сериозен пад и ја турка населението во сиромаштија. Според неа, ова е резултат на промашените економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски. Нешковска истакна дека најмногу поскапување има кај храната и основните производи, што …

Continue Reading

Влен: Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, велат од Влен преку соопштение. „Според ревизорскиот извештај: Потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција; Не постои документација што точно е …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: СДС го зароби обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција

СДС го зароби обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција. Главниот обвинител Коцевски е кукла во рацете на СДС, тој таа улога сам си ја избра во моментот кога не си поднесе сам оставка, и чекаше СДС да му дадат сламка за спас во Собранието, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Главниот …

Continue Reading

(Видео) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува, хидросистемот Ѓавато не функционира

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Алармантна е состојбата со хидросистемот Ѓавато. Речиси четири месеци водата не тече низ каналот, систем изграден за да го одржува водостојот на Езерото и да спречи негова деградација, вели Љупчо Стојановски …

Continue Reading

(Видео) Само 26 проценти реализација на капитални инвестиции, власта е тотално неспособна, велат од СДСМ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во првите 6 месеци има катастрофални 26 проценти реализација на капиталните инвестиции. Ова не е само катастрофална бројка. Ова е показател, доказ за целосна институционална неспособност на Владата и промашени економски политики, истакна на прес-конференција Јовица Јанковиќ, од СДСМ. Според него, со ваква мизерна реализација, Македонија не може да напредува. „Во споредба со истиот …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љубомир Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на независноста на Обвинителството. Партијата го обвинува Коцевски дека ја претворил обвинителската функција во партиски сервис на СДСМ и ДУИ, со што, според нив, ја довел правдата во заложништво на политичките интереси. Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со негласањето …

Continue Reading

(Видео) Кузмановска: Министерство на хартија, без резултати, без план, ВМРО-ДПМНЕ ги изевери младите

Помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо резултати, младите добија уште едно големо разочарување, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ. Наместо функционална институција што ќе ги слуша, ќе ги вклучува и ќе им служи, добија уште една нефункционална испостава на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо од ветените промени. Ништо од системските решенија. …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позицијата му измеќарува на СДС

Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС. Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. СДС, вели тој, го …

Continue Reading

(Видео) Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ

Последните податоци се алармантни, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе, истакна на прес-конференција Јовица Јанковиќ од СДСМ. Ова, како што рече, не е само статистика. Ова, според него, е вистината зад илјадници човечки судбини, намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија. „Ова е …

Continue Reading