Се очекува Гаши денеска да ги распише изборите
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда. Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата. Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето …
Continue Reading
ВЛЕН го прашува Бујар Османи зошто нема документација за потрошени 120 милиони денари од буџетот на МНР
ВЛЕН го повикува Бујар Османи јавно да одговори зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи и зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари? „Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци
Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: За време на СДСМ улица во Драчево е преименувана во Азем Морана
Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав на државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ. „СДС која тоне се подолу во рејтингот меѓу граѓаните, заборава дека име на училиште го дава општинскиот совет, а не Владата. За да ги потсетиме, токму тие во време Зоран Заев како премиер и …
Continue Reading
СДСМ: Осуда за скандалозната одлука за именување на училиште во Студеничани со името на Азем Морана
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ја осудува, како што велат, скандалозната одлука на Владата за именување на општинското основно училиште во Општина Студеничани со името на Азем Морана, според СДСМ, познат балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време и по Втората светска војна. „Ова именување е историски неосновано и претставува директно понижување на антифашистичката борба на македонскиот и албанскиот …
Continue Reading
Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството
Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања, изјави министерот за здравство. „Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време …
Continue Reading
(Видео) Брутална партизација на образованието пред избори, Јанеска и ВМРО-ДПМНЕ го претворија инспекторатот во партиски штаб, велат од СДСМ
Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите. Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-конфренеција Јованче Манасков, од СДСМ. „Според информациите кои ни ги …
Continue Reading
Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби
Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година. „Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети“, додава Мицкоски во напишаното. Карпалак како …
Continue Reading
Обидите на „Вреди“ да клеветат, не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист, велат од ДУИ
Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година беше најголемиот и најзначајниот меѓународен настан организиран досега во Северна Македонија, настан кој собра министри за надворешни работи и делегации од целиот ОБСЕ простор, ставајќи ја нашата земја во центарот на светската дипломатија цели три дена, реагираат од ДУИ откако денеска „Вреди“ кажаа дека Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни криминални тендери. …
Continue Reading