Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски
Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од избирачи можно е да направи хаос на гласачките ливчиња. Премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека ако изборниот процес е неуспешен, Владата има можност да именува владини повереници. „Не исклучувам ни таква можност, можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, можно …
Continue Reading
„СДС се последни кои имаат основ да зборуваат за животниот стандард на граѓаните, а Филипче и Заев освен луксузирања со народни пари не знаат ништо друго“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се последни кои имаат основ да зборуваат за животниот стандард на граѓаните. СДС за почеток треба да погледнат назназад седум години и да видат што направија за стандардот на граѓаните“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само една година ги зголеми платите во повеќе области. Се зголемија платите во здравство, образование, социјала, полиција. …
Continue Reading
(Фото) „Тошковски горд покрај командирот што пукаше и беше суспендиран, Ковачки се јави ли“, прашува СДСМ
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто“, велат од СДСМ. „Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли? …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир
„Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ. „Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа …
Continue Reading
(Видео) „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски“, вели Кузеска
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а владата не им испорачува навремени средства“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. „Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, …
Continue Reading
(Видео) „Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски
„Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи, добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на …
Continue Reading
(Видео) „Стандардот на граѓаните постојано се намалува, а власта одбива да ги покачи платите“, вели Кузеска
„Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. „Во исто …
Continue Reading
Николоски се сретна со унгарскиот министер за национална економија: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет за двете држави
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална економија на Унгарија, Мартон Наѓ. На средбата се разговараше за движечките проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст, нови инвестиции и актуелни политики. Исто така се разговараше и за економските политики на Владата на Унгарија и нивниот план …
Continue Reading
СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните
„Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде. Смета ли Мицкоски навистина дека граѓаните не гледаат што се случува“, прашуваат од СДСМ. „Дека ќе поверуваат дека нема корупција, додека …
Continue Reading