ВМРО-ДПМНЕ викендов организира Саем за отчет на градоначалниците

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, најави дека на 23 и 24 август во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Саем – Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на кој градоначалниците од оваа партија ќе го презентираат сработеното во изминатиот мандат. Настанот ќе почне во сабота во 11 часот со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Каде испари Венко Филипче

Има ли Социјалдемократскиот сојуз лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди?, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Филипче јавноста не го видела цели 20 дена, последен пат во земјава е виден на 2 август …

Continue Reading

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон

Ексминистерот за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше на изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство, оценувајќи дека тие се дел од стратегија за демонтирање на Охридскиот рамовен договор. Османи смета дека премиерот намерно им дозволува на министрите да даваат изјави како „пробен балон“, со цел да ја нормализира темата во јавноста, а потоа излегува …

Continue Reading

СДСМ: Најавата на Мицкоски за поставување владини повереници е директен напад врз уставниот поредок

Во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните. Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја, реагира СДСМ. „Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја. Како тоа Мицкоски планира …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ го прашува Апасиев од Левица дали ќе побара оставка од Мециновиќ сега кога се кандндира за градоначалник? „Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата …

Continue Reading

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку локалните избори во октомври се „неуспешни“, Владата ќе именува повереници како градоначалници. Според партијата, ваквата отворена закана е директен напад врз темелите на демократијата и претставува нескриена најава за враќање на авторитаризмот од времето на Никола Груевски, менторот на …

Continue Reading

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников, ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше министерот Панче Тошковски, прашувајќи зошто го дозволил неговото повторно именување. Но ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со тврдење дека бил вратен на работа од кадар на Социјалдемократите, приложувајќи го решението на второстепената комисија во таа насока. „Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше …

Continue Reading

СДСМ објави документ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, Владата ќе им дава 2 денари само на винариите

„И денес Трипуновски не собра храброст јавно да ја каже производната цена на двете најзастапени вински сорти ‘Вранец’ и ‘Смедеревка’ и пак продолжи да ги лаже земјоделците дека во договор со винарниците е постигната историски највисока цена“, велат од СДСМ. „Пред три недели Владата далеку од очите на јавноста донела мерка на винарниците им исплати по два денари по литар …

Continue Reading

Мицкоски: Планирана е набавка на 100 нови модерно опремени амбуланти возила

Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила. Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински …

Continue Reading