(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство
Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно до врвот во власта, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Илија Стоилев додека ја вршел функцијата Директорт на Агенцијата за финансиска поддршка, бил и активен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе. Она што е интересно е дека …
Continue Reading
Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и други вработени во општината и Град Скопје поради злоупотреби со градежно земјиште
Финансиската полиција до скопското Обвинителство поднесе кривична пријава против осум лица, меѓу кои поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и еден надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Пријавата се однесува на поранешниот градоначалник на оваа општина, Блерим Беџети, понатаму …
Continue Reading
Левица: Буџетот наместо развој, нуди нов циклус на задолжувања и безнадежност
Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст, велат од Левица. Според партијата, вака планираниот не …
Continue Reading
„Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството …
Continue Reading
Стопирани 130 милиони евра за македонските земјоделци – Николовски предложи план за надминување на состојбата со ИПАРД по корупцискиот скандал
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски истакна дека поради суспензијата на исплатите од европската ИПАРД програма, над 130 милиони евра инвестиции во земјоделството се ставени во мирување, а земјоделците и компаниите се соочуваат со неизвесност и недоверба. „Суспензијата на исплатите поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието предизвика шок, недоверба и огромна неизвесност кај илјадници македонски земјоделци и …
Continue Reading
„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба
На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“. Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, …
Continue Reading
Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?
Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини. СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче, изјави Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Информации кои од Бихачка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил …
Continue Reading
Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата кои земале плата а не оделе на работа, но и оние кои им потпишувале плата
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за незаконитости во работењето на повеќе јавни претпријатија. Ѓорѓиевски претходно објави дека се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи. „Имавме тематска средба со претставници на финансиската …
Continue Reading
„Никој не сака да биде дел од компромитираната клика на Филипче, СДС е во целосен распад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика. Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, …
Continue Reading