Сиљановска-Давкова: Имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат!
По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја упати следната порака: „Драги сограѓани, почитувани работници, И годинава, Први мај не потсетува на долгата, тешка, праведна и достоинствена борба на работниците за признавање на трудот како извор и творец на вредности. Денешниов празник е доказ дека решителниот работнички бунт за осумчасовно работно време, кренат во Чикаго од …
Continue Reading
Гаши до сите работници: Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата
Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод празникот Први мај – Меѓународниот ден на трудот. „Први мај – Меѓународниот ден на трудот, е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество. Работничките права, достоинствената работа, социјалната правда и еднаквите можности не се само вредности што треба …
Continue Reading
„Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Венко Филипче повторно се изгуби од јавноста. По денови и денови со секојдневни прес-конференции и јавни настапи, со критики за се и сешто, токму во моментот кога требаше да зборува од собраниската говорница, да испрати аргументирана критика и издржани прашања до претставниците на власта, Филипче повторно избега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера беше последниот четврток во месецот, резервиран за механизмот пратенички …
Continue Reading
СДСМ го поддржува протестот на работниците: 1 Мај – ден на борба, а не на празник!
„Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест. Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни“, велат од СДСМ. „Само …
Continue Reading
(Видео) Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделство ги оставивте без здравствено осигурување?
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, а се однесуваше на наводите за прекин на здравственото осигурување на вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Според информациите, станува збор за ситуација во која поголем број вработени останале без покриено здравствено осигурување во изминатиот период, велат од …
Continue Reading
(Видео) Мојсоска: Мицкоски и СДС си го делат бизнисот со струја – ЕСМ тоне, тие се богатат
„Ќе го разрешите ли директорот на ЕСМ, Узунчев, и целиот Управен одбор, поради загуба од 108 милиони евра, или ќе продолжите да ја претварате државната компанија во загубар за да можат бизнис партнерите на Мицкоски, со неговите скриени фирми и партиските функционери од ВМРО и СДСМ да профитираат од бизнисот со струја?“, ја праша пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, министерката …
Continue Reading
ЗНАМ по одлуката на Цеков: За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ
Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување. Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални …
Continue Reading
Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа. Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е …
Continue Reading
ДОМ: Изгласани нетранспарентни законски измени во областа на рударството и минералните суровини со штетни последици по природата и здравјето на граѓаните
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на донесувањето на Законот за минерални суровини по скратена постапка без јавна расправа и без вклучување на стручната јавност и граѓаните. „Овој начин на носење закон не е техничко прашање – туку суштинско отстапување од демократските принципи. Кога се носат одлуки што директно влијаат врз природните ресурси, здравјето на луѓето и иднината на …
Continue Reading