Стојаноска: Во 2026 и покрај сите долгови од СДСМ и ДУИ ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, повеќе локални проекти, поопремени здравствени и образовни установи

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема привилегирани фирми и селектирани должници. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ сите се еднакви пред законите и законите се еднакви и исти за сите. Владата ги одржува во постојана и нагорна кондиција платите, пензиите и инвестициите, а паралелно ги намалува дефицитот и јавниот долг. …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче со ова покажува дека …

Continue Reading

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?“, праша денеска на прес-конференција, Симона Цветановски, членка …

Continue Reading

Бојковска: Овој Предлог-буџет ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат

Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026. Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Република Македонија е вложувањето во младите и во …

Continue Reading

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 Декември во Кавадарци. Донесена била одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. „На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев, Филипче го зацврстува кругот на Заев во СДС наместо да го реформира

Филипче продолжува да биде спотер на Заев и да се потпира на кадри кои се сметаат како дел од политичкиот круг на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче кадровските решенија во СДС ги носи под значително влијание на Заев. Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви. Изборот на Александар Трајановски за потпретседател на партијата е токму тоа, …

Continue Reading

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците. Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели. …

Continue Reading

Ангелова: Буџетот за 2026 обезбедува зголемени средства за социјална заштита, како и за раст и редовна исплата на пензиите

На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории. „Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства …

Continue Reading