ВЛЕН ќе се обедини во една партија на 9 мај: „Стануваме единствена сила, со едно име, насока и мисија – oд Липково до Струга“


pratenichka-grupa-vlen-vredi-maj-2025.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВЛЕН соопшти дека на 9 мај, по повод Денот на Европа, ќе го одржи Конгресот на обединувањето, на кој коалицијата ќе се трансформира во политичка партија.


Според најавата, петте политички партии ќе се обединат во една со заедничко име, насока и мисија.

Од ВЛЕН велат дека новото политичко обединување ќе биде засновано на владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски интеграции, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот.

На Конгресот се очекува учество на 850 делегати, кои треба формално да го потврдат обединувањето.

„Деветти мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространет од Липково до Струга.“, порачаа од коалицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK