Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ

Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ. Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски. „Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски …

Continue Reading

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата. „Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот, автопат од Прилеп до Битола до 2028 година“, објави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини. …

Continue Reading

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој упати критики кон говорот на Фатмир Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање е националистички настроено, потенцирајќи дека за разлика од него, тој е единствениот пратеник кој поднесувал амандмани за изградба на средно училиште во Куманово на албански наставен јазик и се …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно Законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки од модуларната, па се до разни набавки во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Цела држава знае, додаваат од оваа партија, дека освен обвинителството. „И еве го повикуваме обвинителството …

Continue Reading

Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во Собранието истакна дека кога се дискутира за бројки и парите на граѓаните мора да постои прецизност, бидејќи граѓаните од пратениците очекуваат информативен бенефит, што се случува во Македонија и каде се трошат нивните пари, а не на буџетска расправа да …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското делување на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија. „Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика …

Continue Reading

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска истакна дека пратениците од СДС по вчерашниот поднесен амандман за кратење на спортските субвенции од 300 милиони денари, денеска имаат барање за истата ставка и тоа со кратење на средствата за дополнителни 34 милиони денари. „Работите се денеска многу појасни за македонската јавност, по …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно. „Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче. Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има. …

Continue Reading