Шаќири: Со новата формула на финансирање на основното образование ќе се предвиди оброк за ученици

Во наредниот период, заедно со мрежата на основните училишта, со новата формула на финансирање на основното образование, ќе се предвиди оброк за ученици, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната работна посета на Кавадарци. Тој го посети основното општинско училиште „Димката Ангелов – Габерот”, едно од најстарите во кавадаречка општина. Во присуство на пратеничката Даниела Колева и …

Continue Reading

Шукова: Да го претвориме отпадот во наша зелена иднина

Во рамки на третата по ред еколошка акција „Генералка викенд 2023“ во Општина Јегуновце учествуваше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа беше дел од акцијата за чистење на депонијата кај Јажинце во оваа тетовска општина. – Отпадот што не окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме …

Continue Reading

Ковачевски: Прв пат по 30 години преку модерна инфраструктура се поврзуваме со Исток и Запад и стануваме вистинска крстосница на Балканот

Парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места. Инвестираме во капитални проекти од историска важност. Не само што ги поврзуваме градовите и регионите, туку ја поврзуваме и државата со околните земји и светот преку модерна инфраструктура која ќе привлече многу странски туристи и инвеститори. Прв пат по 30 години преку …

Continue Reading

Пендаровски на средба со делегација на Советот на американски амбасадори

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Советот на американски амбасадори која престојува во работна посета на Република Северна Македонија. На средбата со членовите на делегацијата на Советот, составена од поранешни амбасадори на Соединетите Американски Држави, се разговараше за македонско-американското партнерство и пријателство и регионалните прашања од интерес за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, соопшти кабинетот на шефот на …

Continue Reading

Кузеска: Со ВМРО-ДПМНЕ Скопје е пред банкрот

Главниот град, Скопје е пред банкрот. Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ создаде хаос. Во јавноста веќе има информации дека Град Скопје е со блокирана сметка, поради заостанати долгови. Мицкоски, Арсовска, ВМРО ДПМНЕ, најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, Скопје, го доведоа до банкрот. Досега вакво нешто се нема случено. Но, секогаш кога оваа …

Continue Reading

Спасовски: ЕУ интеграцијата и прифаќањето на најдобрите практики во работењето се императив за сите МАРРИ учеснички

Во Министерството за надворешни работи денеска беше одржан традиционалниот дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ. На настанот присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, меѓународните организации присутни во Република Северна Македонија, како и претставници од институции кои имаат ингеренции во областа на миграциите. На настанот поздравни обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски …

Continue Reading

Извештај „Огледало на Владата“: За речиси две третини од предлог-законите нема консултативен процес на ЕНЕР

Во 2022 година 37 отсто од предлог-законите усвоени на Влада и доставени до Собрание биле објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР, покажува извештајот „Огледало на Владата“ за минатата година, подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), кои го следат и анализираат ЕНЕР. Со Извештајот се констатира влошена состојбата во споредба …

Continue Reading

МОН изработи најбитни безбедносни препораки за образовниот процес, истакна Шаќири

Министерството за образование и наука изработи најбитни безбедносни препораки за образовниот процес, рече денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, при неговата работна посета на Кавадарци. Одговарајќи на новинарско прашање, тој информираше дека Министерството за образование и наука изработи најбитни безбедносни препораки за образовниот процес, тие ќе се дискутираат на седница на Влада во вторник. Министерот рече дека некои …

Continue Reading

ИТУК: Владата мора да се откаже од опасните предлог измени на Законот за работни односи

Сојузот на синдикати на Македонија ССМ соопшти дека Светската конфедерација на синдикати (ИТУК (ITUC) го поддржува барањето на македонските синдикати, Владата да ги повлече, како што велат, опасните измени на Законот за работни односи, по скратена постапка со кои се зголемува работното време до 60 или дури до 72 часа неделно. – На 8 мај, Владата поднесе предлог-измени на трудовото …

Continue Reading