Ковачевски: Прв пат по 30 години преку модерна инфраструктура се поврзуваме со Исток и Запад и стануваме вистинска крстосница на Балканот

kovachevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места. Инвестираме во капитални проекти од историска важност. Не само што ги поврзуваме градовите и регионите, туку ја поврзуваме и државата со околните земји и светот преку модерна инфраструктура која ќе привлече многу странски туристи и инвеститори. Прв пат по 30 години преку модерна инфраструктура се поврзуваме со Исток и Запад, со нови пристаништа во Драч и во Бургаз и ги зајакануваме транспротните врски во регионот, порача премиерот Димитар Ковачевски пред денешното поставување на камен-темелникот за автопатот Прилеп – Битола на Коридорот 10д, долг 39,3 километри.







Овој проект, како што напомена Ковачевски, е траен влог и наследство за следните генерации.

-Изградбата на коридорите 8 и 10д значи нови 8 000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од два отсто во наредните пет години на годишно ниво. Се отвораат можности за нови бизниси, за изградба на објекти од различни дејности и со тоа дополнителни нови работни места. Коридорите 8 и 10д досега беа само на хартија. Овие проекти се од национален и стратешки интерес, а придобивки ќе имаат граѓаните, економијата и државите што ги поврзува овој коридор, истакна премиерот.

Според него, изведбата на делницата заедно со автопатите од Коридорот 8 се најголемата капитална инвестиција во земјава што ќе биде пресвртница во развојот на државата.

-Со оваа инвестиција Северна Македонија од кружен тек ќе стане вистинска крстосница на Балканот. Ја позиционираме земјава на економската и инфраструктурната карта на Европа, напомена Ковачевски.

На настанот се присутни и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, в.д. амбасадорот на САД Ерик Мајер, амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок, како и претседателот на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток Џастин Сиберел.

Според министерот Бочварски, од денеска изведувачот ги почнува подготвителните работи и геотехничките истраги на терен и во наредниот период, како што рече, ќе бидеме сведоци на огромно градилиште по целата траса на овој патен правец. Ова е можност, истакна Бочварски, за ангажирање на домашната градежна оператива, што значи нови вработувања и посебно развој на градежната дејност.

Свеченост по повод поставување камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциу

-Нема подобар момент да се собереме, сите пријатели на Северна Македонија, нашите партнери – земјите членки од ЕУ и заеднички да го означиме најголемиот инфраструктурен проект во новата историја на земјата кој се реализира овде во Пелагонискиот регион. Знам колку оваа автопатска делница е приоритетна за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат или транзитираат од тука. И ова е силна порака од Владата до сите граѓани и стопанствници од регионот. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион, подвлече министерот.

Се работи за една од четирите делници кои ги предвидува Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. За останатите три автопатски делници на Коридорот 8 свеченоста се одржа минатиот месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK