Мехмеди: Работната група денеска треба да одлучи за деловникот, не е пријавено дека ќе се зборува за други теми

Точка на дневен ред на денешниот состанок на Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот е да се усвои деловникот и не е пријавено дека ќе се дискутира на други теми, изјави денеска пред почетокот на состанокот членот на групата од редовите на Алијанса за Албанците, Ремзи Мехмеди. На прашањето дали ќе се води суштинска …

Continue Reading

Бесими: Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение за платите во јавниот сектор

Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор. Станува збор за голема реформа која не може да се реши ад хок, туку ќе се решава системски преку дијалог со синдикатот како партнер во овој процес. Владата дава поддршка за решавање на овој процес, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во …

Continue Reading

Агелер: Писмото е понуда за помош за да не се случи поранешни политичари да кренат телефон за да се донесе пресуда во нивна корист

САД имаат обезбедено повеќе од една милијарда долари за Северна Македонија во изминатите 30 години, наменети за невоена помош, вклучително и за проекти и активности поврзани со медиумите. Повеќе од половина од таа милијарда била наменета за поддршка на владеење на правото и добро владеење, вклучително и за правосудството. Според нашите проценки, околу 80 проценти од обвинителите и судиите во …

Continue Reading

Шаќири на одбележувањето на јубилејот по повод 20 години Е-бизнис департман на Економскиот факултет при УКИМ

Да бидеш лидер во својата струка, а истовремено и да ги поставуваш темелите за изучување на е-бизнисот како гранка од економијата, пред сè значи да имаш визија и смелост да чекориш по трнливиот пат, за да можеш да создадеш стручни лица кои ќе го предводат тргувањето на пазарот на стоки и услуги користејќи ги современите дигитални алатки. Ова го истакна …

Continue Reading

Или го поддржуваш тоа што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против, вели Агелер

Американската амбасадорка Анџела П. Агелер нагласува дека движењето на Северна Македонија на патот кон Европската Унија има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени. Таа во интервјуто за МИА се осврнува на уставните измени, можноста за обезбедување на двотретинско мнозинство, но и на барањата на опозицијата за предвремени …

Continue Reading

Агелер: Македонија е дојдена до точката кога само треба да ја отвори вратата кон посветлата иднина

Јас навистина верувам дека оваа земја е дојдена до точка, кога треба да ја отвори вратата, да се втруне низ неа и да се движи напред кон својата посветла иднина, вели американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер во интервју за МИА. На прашањето како да се пронајде излез од целокупната политичка ситуација внатре – корупција, нефункционален систем, поделено …

Continue Reading

Ковачевски на ЦО на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ треба да одлучи дали ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во обраќање пред членовите на партискиот Централен одбор синоќа порача дека од национален, регионален и глобален контекст е значајно продолжувањето на европскиот пат на земјата и ги потенцираше ризиците за иднината на земјата доколку не продолжат евро-интеграциите. ЦО на СДСМ го задолжи Ковачевски да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори за Северна …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски на средба со лидерите од владината коалиција

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе одржи редовна средба со лидерите од владината коалиција на која ќе ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат. Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на …

Continue Reading

Седница на работната група за уставни измени, на дневен ред усвојување на деловникот за работа

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска ќе има седница на која на дневен ред е усвојување на деловникот за работа, најави вчера претседателката на групата, Маргарита Цаца Николовска. -Усвојување на деловникот е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден-два …

Continue Reading