Бектеши: Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира

Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат и проектот ќе се реализира, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашања во однос на очекувањата од Државната комисија за спречување корупција да реагира за предложените законски измени, на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 Мај, Бектеши рече дека враќање назад нема …

Continue Reading

Цаца Николовска: Едногласно усвоен Деловникот, со него дефиниран фокусот на уставните измени согласно европскиот предлог

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот денеска едногласно го усвои Деловникот за работа, кој утре или задутре ќе биде објавен на сајтот на Министерството за правда. Претседателката на Работната група, Маргарита Цаца Николовска по завршувањето на состанокот изјави дека оценува оти донеле добар Деловник, кој дефинира што ќе работат понатаму, без да се навлегува …

Continue Reading

Во Комисијата за европски прашања почна расправата за измените на Законот за експропријација

Три амандмани од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се поднесени за предложените измени и дополнувања на Законот за експропријација, дел од пакетот зкаони з аизградбата на коридорите 8 и 10д, за кои денеска почна расправата по скратена постапка во Комисијата за европски прашања, во присуство и на министерот за финансии Фатмир Бесими. Пратеникот Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека власта продолжува со …

Continue Reading

Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет

Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај. Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите за проверка на квалитетот во …

Continue Reading

Почна средбата на Ковачевски со лидерите од владината коалиција

Во Клубот на пратеници почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите од владината коалиција, на која се очекува да ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат. На средбата присутни се лидерите на ДУИ Али Ахмети, ЛДП, Моника Зајкова, на ДОМ, Маја Морачанин, потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази, …

Continue Reading

Лефков: Владата ги приватизира и партизира меѓународните односи

Во Македонија има една страшна епидемија на неспособност и криминалитет. Една многу чудна комбинација на сите носители на извршната власт, или ќе видиме крајна неспособност или ќе видиме крајна коруптивност, вели пратеникот Миле Лефков на денешната панел дискусија во организација на партијата насловен „Катастрофална меѓународна политика на Македонија“. Лефков додаде дека владата на СДС и ДУИ врши партизација и приватизација …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот полски амбасадор Кжиштоф Гжелчик

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Полска, Кжиштоф Гжелчик. Посакувајќи му добредојде во нашата држава на амбасадорот Гжелчик, претседателот Пендаровски го реафирмираше задоволството од високо развиените билатерални односи меѓу двете пријателски држави, кои ги карактеризира традиционално и искрено пријателство, интензивен политички дијалог и одлична трговска и економска соработка, споделувајќи заеднички европски вредности на …

Continue Reading

Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на ЕП и член на Комитетот за уставни прашања

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со потпретседателот на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент, Рајнер Вилант. -На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд од почетната фаза на поднесување …

Continue Reading

Пратеникот Мартин Костовски на седница на ПС на ПСЈИЕ во Будва

Во рамките на Десеттата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 18 до 19 мај 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ). На седницата учестуваа делегации на Грција, Србија, Романија, Словенија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, …

Continue Reading